Tuesday, August 9, 2016

Ziaja Energising Orange Body Butter!



Здраво девојки,
Летото и високите температури, се период од годината кога на кожата и е потребна секојдневна, лесна но ефикасна нега. 
Производите кои ќе ја хидратизираат кожата, ќе ја хранат со помош на витамини  и ќе и ја дадат потребната еластичност и сјај, се идеални за секојдневна употреба во овој период од годината. По долгата потрага по еден ваков производ кој целосно ќе и одговара на мојата кожа,конечно стигнав до путерот за тело на компанијата Зиаја. 
Станува збор за нивниот путер од портокал кој во себе содржи Витамин Е, Омега 3 и Омега 6, кои и помагаат на кожата да ја задржи својата еластичност и го спречваат стареењето на истата. Исто така, со помош на овој путер ,кожата нема да ја загуби природната влажност и сјај кои вообицаено се намалуваат како резултата на сончевите зраци во лето.
Можеби е чудно за повеќето од Вас, бидејќи пудерите за тело се доста тешки и масни но, тоа не е случај со овој извонреден производ на Зиаја , бидејќи ова е најлесниот путер за тело кој сум го пробала.
Иако  неговата текстура, погледнат во неговото пакување, е доста густа , нанесен на кожата е многу лесен и има воденкаст ефект, па така нежно ја разладува кожата и дава пријатно чуство на свежина. Путерот лесно и брзо се впива во кожата и не остава непријатен и масен слој на самото тело.
По неговото нанесување, кожата  е  неверојатно мека и мазна. 
За мене , овој производ е идеален за овој летен период, бидејќи на мојата кожа и ја дава сета потребна нега но, и целосно чуство на релаксација. 

Се надевам дека ви се допадна оваа кратка рецензија за овој производ на Зиаја. 
Дали Вие сте го пробале до сега овој или некој од путерите за тело на Зиаја?Кое е Вашето искуство со нив?

No comments:

Post a Comment