Здраво девојки,
Во низата на козметички производи од брендот Yves Rocher, денес сакам да
ви ја претставм нивната пудра Zero Defaut Flawless skin foundation.
Пудрата доаѓа во стаклено пакување со пумпица, доста
практично и елегантно што за мене е битно .Иако
амбалажата на одреден производ не го покажува нејзиниот квалитет,сепак јас
обожавам кога производите кои ги користам имаат интресна амбалажа. Но да се
вратиме на самата пудра.
Самата текстура на оваа пудра е густа, но одлична за
нанесување со помош на четка за течна пудра.
Нејзината покривна моќ е средна до
целосна, па така потребна ви е мала количина како би го прекриле целото лице за
дневна шминка, а поради нејзината моќ за надоградување лесно со уште еден слој ќе
постигнете целосна прекриеност на лицето.
Нанесена на лицето, оваа пудра нема мат ефект ,туку свиленкаст и по
малку светкав па сметам дека е многу подобра за лица со сува и нормална кожа
оклолку за маснокожци.
Сепак, матирана со добра пудра во камен изгледа одлично
и останува на лицето доста долго.
Покрај одличната покривност, оваа пудра истовремено ја
негува кожата на лицето поради минералите кои се наоѓаат во нејзиниот состав.
Па така, после неколку неделно нејзино користење, ќе забележите подобрен изглед
на саото лице, поздрави и поблескава кожа.
Уште една добра каратеристика на оваа пудра, е нејзината
моќ за прилагодување, па така неколку минути по нанесувањето , таа целосно се
соединува со кожата и скоро е неприметна.
За мене , оваа пудра се покажа како одличен избор за
секојдневна употреба.
No comments:
Post a Comment