Денес за Вас припремив една рецензија, овојпат за
сјаевите за усни на брендот Малена. Незнам кое е Вашето мислење ,нo јас некако
се презаситив од сите мат кармини, мат течни кармини итн. па мојата шминка
започнав да ја надополнувам со сјаеви за усни.
Во овие есенски денови, сјаевите
на некој начин ја надоградуваат мојата шминка на начин што дава свеж и
гламурозен изглед.
Затоа сакав да ја подновам мојата колекција на сјаеви за
усни со нови и свежи бои , и тоа го направив со 4 нови нијанси на сјаевите за
усни на Малена за кои денес сакам да ви ги пренесам моите впечатоци.
Сјаевите доаѓаат во пластично пакување со прозирен дел
како би ја погледнале бојата н апроизводот и сребрен поклопец. Секој од нив
содржи 6мл производ , а нивната цена е 120 денари.
Овој сјај пред се, се разликува по својот апликатор кој
овде е во вид на мала густа четка, па со тоа доста прецизно може да го нанесете
сјајот на усните.
Текстурата на овие сјаеви е феноменална, мазна и лесна за
нанесување ,а сепак сетуван на усните
останува тука со часови.
Уште еден факт кој многу ми се допадна кај овие сјаеви
е изборот на бои кои Малена го нуди преку овие производи.
Палетата на бои нуди
нијанси од најсветли неутрални па се до темни бордо и виолетови . Притоа , може
да најдете сјаеви кои имаат мала пигментација па се одлични за нанесување над
некој добар молив за усни, а исто така во оваа палета постојат и сјаеви кои
имаат толку јака пигментација што може да ги наречеме течни кармини а не сјаеви
за усни.
Како што напоменав на почетокот, мојот избор овојпат се
сведе на 4 нои и тоа сосема прозирен во број 23, нежно роев во број 9 , и два
сјаеви со доста јака пигментација па мене ми наликуваат на течни кармини во
броеви 5 и 11.
Јас ги користам во дневна и вечерна варијанта , а нивните
бои ми овозможуваат да ги вклопат со различна шминка.
Кога ќе го спореднам квалитетот на овие сјаеви со нивната
цена, можам да кажам дека квалитетот и прилагодливоста на овие сјаеви е многу
поголема.
Моја целосна препорака за овие производи на Малена.
Preubavi sjajcinja������������
ReplyDeleteНавистина се одлични, јас ги обожавам.
DeleteОдлична рецензија :)
ReplyDelete♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook
Ти благодарам Сања.
Delete