Monday, August 29, 2016

Yves Rocher Couleurs Nature Eyeshadow palettes!!


Здраво девојки, 
Добро дојдовте на мојот блог. 
Веќе некое време ги тестирам овие палети на Yves Rocher  и мислам дека сега имам  целосен впечаток за нив,па затоа одлучив да направам пост во кој ќе ви ги претставам овие 2 палети и ќе напишам нешто повеќе за нив. 
Како што сите добро знаете Yves Rocher е Француски бренд кој произведува природна козметика, и покрај впечатливите комбинации на бои, тоа беше една од причините поради кои се одлучив да ги испробам овие палети на сенки за очи. 
 Палетите доаѓаат во луксузно златно-црно пакување чија предна страна  ги прави овие производи гламурозни и интересни. На задната страна на амбалажата е означена комбинацијата односно нијансата на бои, како и мал туторија кој ќе ви помогне да постигнете smokey eye ефект со помош на четирите бои кои се наоѓаат во таа палета. 
Кога ќе ја отворите, на горната страна по целта должина се наоѓа огледало кое е доста практично , а на долната страна ќе ги најдете 4те бои заедно со апликатор за нанесување.
Иако јас никогаш не ги нанесувам сенките со помош на апликатор, но сметам дека се одлична замена за четки во моменти кога сакате да ја поправите вашата шминка, а сте надвор од дома. 
Денес, ќе зборуваме за палетите со раскошни нијанси во број 03 Нежно водена и палета со број 04 Светкаво сина.
Како што погоре напоменав, самите палети имаат луксузно пакување, одличен дизајн и доволна количина на сенки од 4х1.2г за цена од 969денари.
Самата текстура на сенките е одлична, лесно се нанесуваат ,лесно се блендаат и имаат одлична пигментација која не е премногу јака па со самото тоа може да ги дозирате. 
Тоа ги прави овие сенки одлични за употреба и на професионалци кои правилно ќе ги дозираат,но и за почетници во шминкањето бидејќи нема да направите големи грешки , а секоја од нив лесно ќе може да ја поправите без целосно отстранување на шминката и започнување на целиот процес одново.
Самите сенки се доста суви па така не се собираат во прегибот на очниот капак и стојат со часови. Самата прашкаста структура води кон тоа да овие сенки се разлетуваат при земањето од палетата ,но бидејќи тоа им помага да опстанат на очниот капак со часови за мене е занемарливо.
Уште една предност на овие палети е нивната компактна големина на пакувањето, па така лесно може да ги носите со себе и нема да ви заземаат голем простор во Вашата ташна.
Покрај четките, јас пробав да ги нанесам и со воден апликатор, што резултирање со неколкукратно поголема пигментираност на сенките ,а сепак ја задржаа својата трајност. 
Изминатиов месец, овие две палети, беа моите омилени сенки за очи и ги користев како за дневна така и за вечерна варијанта на шминка.  
Дали Вие сте пробале некоја од овие палети?



No comments:

Post a Comment