Wednesday, August 31, 2016

New In # 6

Здраво девојки,
Измина доста време од мојот последен пост со новитети,но периодов го искористив да ги испробам сите нови производи кои ги земав како би можела да ги пренесам моите впечатоци до Вас.
Пред неколку дена , во локален маркет направив едно мини пазарување на неколку козметички производи кои сакав да ги испробам и од кои имав потреба. 
А бидејќи во последен период овој тип на пост е доста побаруван од Ваша страна ,иако мало пазарување сепак одлучив да ви покажам што тоа ново си купив.
Ова се производите:

Некаде на интернет, сосема случајно прочитав рецензија за оваа пена за лице на Нивеа, и ме потсети на гелот за миење на лице од оваа линија и колку многу го сакав. Сосема случајно, земајќи ги моите омилени тупфери за лице на Нивеа, ја здогледав и оваа пена па решив да ја пробам.А како ќе се покаже и кои ќе бидат моите впечатоци, ќе може да прочитате во некоја од моите наредни рецензии. 




 Топлото време и јакото сонце доста ја оштетија мојата коса ова лето,па во птрага по некој производ кој ќе ја опорави решив да ја испробам оваа прскалка на Глис. Производот длабински ја обновува косата со помош на серумот кој го содржи.
Рол-оните се тип на прозивод кој го немав купено подолг период и сакав да го сменам тоа. Така се одлучив за овој нов рол-он на Рексона од нивната нова колекција. Производот има доста свеж мирис. Исто така , се подновив со еден лак за нокти во нежно розево-праскаста нијанса која во себе содржи шимер односно прелива. Golden Rose во број 72.





 И за крај , се одлучив за 2 балзами за усни. Класика ,Росал кој неверојатно добро ги хидрира и обновува усните  и балзам кој постојано мора да се наоѓа во мојата колекција, и балзамот на Лабело од праска.
Септември е месец кога започнува промена на времето, а и ветерот е присутен, па добро е секогаш при рака да се има балзам за усни како би ги заштитиле од сушење.

И тоа се сите производи за овај мал haul. 
Не заборавајте да се пријавите за наградувањето кое е во тек.Тоа може д аго направите на 
овој линк .

No comments:

Post a Comment