Здраво девојки,
Изминативе неколку дена, пронајдов линија на балзами во мојата колекција, кои ги имав подзаборавено , но сосема неправедно , па помислив дека би било добро да направам еден пост во кој ќе Ви ја претставам оваа линија на балзами за усни кои во себе содржат боја, па така сите оние кои не сакаат да носат кармини во текот на летниот период, можат да ги заменат со еден ваков производ.
Компанијата Росал, пред извесен период на пазарот лансираше еден новитет во светот на негата, а станува збор за (ink)redible COLORS линија на лабела за усни кои во себе содржат пигмент,па така ги негуваат усните но во исто време даваат боја односно се однесуваат како кармин за усни. На прв поглед, мене ми се допадна иновативноста на компанијата , а и самите бои, па така набавив 4 кои во тој период и постоеа на пазарот, и тоа
Morning rose- нежно розева, Coral candy - јака корална, Flash nude- потполно неутрална боја на кожа и Violet touch- гламурозно виолетова.
Покрај одличните бои и пигментација, овие производи имаат и доста интересни пакувања,сосема компактни и мали па така се практични за носење и во мала ташничка.
Иако станува збор за балзам за усни, пигментацијата на овие производи е толку добра што непостои потреба од нивно повторно нанесување и по неколку часа.
Самиот производ е нежен за усните , одлично ги негува и хидрира и притоа им дава благ сјај.
Покрај одличната текстура која ги храни усните, овие производи имаат и феноменален мирис кој мене ме потсетува на бомбони, што самото носење го прави уште попријатно.
За мене ова стана одлична замена за кармин во текот на жешките летни денови.
Кој е Вашиот омилен балзам за усни?
No comments:
Post a Comment