Thursday, August 4, 2016

REVIEW: Yves Rocher Raspberry Peppermint Shower gel and Body lotion ..



Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог. 
Денес за Вас имам една детална рецензија на два производи за нега на тело, гел за туширање и лосион за тело, кои се идеалната комбинација на производи за нега на тело за мене.
Кога станува збор за нега на тело во лето, јас сакам лесни производи кои ќе и даваат хидратизација  на кожата ,ќе ја негуваат на еден лесен начин без притоа да остават масен и тежок слој на неа. 
Токму тоа , ми го овозможија овие два производи на Yves Rocher и со сигурност ќе продолжам да ги купувам бидејќи сум воодушевена од нив. 
Да започнам од мирисот, малина и нане, феноменално. 
После нивното користење се мириса на малина во мојот дом, а најдобро е тоа што ваквиот мирис но во поблага форма, се задражува на телото наредните 2-3 дена.
И двата производи доаѓаат во пластично пакување од 200мл, интересно и одлично бидејќи е мало па може да го носите со себе и на патување, а сепак содржи одлична количина на производ.
Гелот за туширање има интересна темно розева боја на малина. За разлика од остантите гелови за туширање, не е сосема густ, воденкаст е но сепак , доволна е мала количина за целото тело. Притоа , создава голема количина на пена која ја негува кожата на еден сосема лесен и пријатен начин, па после неговото користење кожата на телото е свиленкаста, мека и мазна. Феноменален производ, осбено за овие летни и жешки денови. Одличен за секојдневна нега на телото.
Она што ме воодушеви малку повеќе од гелот за туширање, беше лосионот  за тело од оваа колекција на Yves Rocher
Исто како и гелот, така и овој лосион во себе содржи малина и нане па има феноменален овошем мирис кој се задржува доста долго на телото.
Самиот лосион е со некоја стандардна густина, но кога ќе го нанесете на телото е некако воденкаст па лесно се разнесува и за неколку минути се впива во кожата. 
Притоа е сосема лесен, дава чуство на разладување , освежува и не остава масен слојна кожата. Одличен, феноменален, најдобар лосион за тело кој сум го користела до сега.После него , кожата е неверојатно мазна, свиленкаста, еластична, хидрирана и седефкаста.
 Дефинитивно овие два производи се мои летни фаворити, а со сигурност ќе се најдат и во моите фаворити за 2016 година. 
Тоа беше се за оваа рецензија , се надевам дека Ви се допадна овој сет . 
Би ми било драго доколу во коментарите подолу ги споделите Вашите искуства од користење на производите за нега на тело на Yves Rosher.

No comments:

Post a Comment