Здраво девојки,
Фаворитите се еден од моите омилени постови , а знам дека се и Ваш , па затоа одлучив да Ви прикажам 5 производи во повеќе категории, кои се мои фаворити а нивната цена не надминува 1000 денари.
Денес ќе Ви ги прикажам моите 5 фаворити под 1000 денари , кои се однесуваат на шминка:
Мојата колекција на шминка во себе содржи голем број на дрогериски производи и производи кои не надминуваат 1000 денари кога станува збор за нивната цена. Тоа се тип на производи кои јас најчесто ги користам на дневна база. Но, се одлучив за 5 од нив кои ќе Ви ги прикажам и за кои на кратко ќе Ви ги пренесам моите искуства и импресии:
1. Матирачка пудра на Manhattan
Пред точно една година ја открив оваа матирачка пудра и целосно се заљубив во неа. Таа е доста тешка и има целосна покривна моќ , а нанесена на кожата на лицето останува и до 10 часа без притоа да се помести . Исто така, јас ја користам и како база за сенки за шро се покажа феноменално. Јас ја обожавам оваа пудра и секогаш ја имам во мојата остава. Нејзината цена изнесуваше 370 денари.
2.Маскара
Еден од моите основни производи кои секогаш ги користам, е маскарата за очи а особено маскарата за волумен. Го обожавам ефектот на густи трепки и изгледот на потполно дефинирани очи. Моите очи се крупни , со коси краеви па нанесувањето на маскарата за волумен на трепките ,ги дефинира уште повеќе. Но, мој фаворит во овој ценовен ранг е маскарата на Мах фактор наречена 2 000 калории, која одлично ги дефинира моите трепки , има одлична четка со која лесно се нанесува маскарата и интензивна црна боја.
Цената на овој производ е околу 400 денари.
3.Сенки за очи
Ова е можеби и првата палета на сенки која ја купив кога започнав да се шминкам посериозно. И не погрешив бидејќи е лесна за нанесување, а притоа има феноменална пигментација. Палетата на Дебора со црно-сиви нијанси е мојот избор секогаш кога немам никаква креативна идеа на ум , и притоа секогаш е добар избор.
Ова беше палетата со која научив да направам smokey eye и која секогаш ми помага да направам многу добра шминка на моите очи.
Цената на оваа палета беше околу 500 денари. На некои од производите за кои не сум сигурна која е точната сума , ќе назначам округла цена како не би давала неточни информации.
4.Кармин
Хидратантните кармини се едни од моите омилени бидејќи го обожавам ефектот кој го оставаат на моите усни, а уште повеќе го сакам тоа што во текот на нивното носење самите кармини ги негуваат усните,па тие се меки и нежни. Овој кармин на Есенс е еден од оние производи кои ги куив импулсивно без размислување и само на основа на неговата боја која многу ми се допадна. Но , тоа овојпат се покажа како правилен избор, бидејќи овој кармин е феноменален. Одличен мирис, супер текстура и целосна нега на усните.
Бидејќи беше сосема случајно купен и помешан помеѓу поголем број на производи, не ја знам неговата цена ,но мислам дека изнесуваше 160 до 190 денари.
5. Мат кармин
Изминативе неколку месеци мат кармините се тренд кој неизбежно го испробаа сите девојки и жени . Така и јас испробав повеќе мат кармини од повеќе брендови ,но ниту еден од нив не остави подобар впечаток од овој на Малена, на мене.
Овие мат кармини се долготрајни и нанесени на усните, одкако ќе се исушат, остануваат доста долго иако притоа јадете и пиете. Имаат интересен мирис, фина текстура па самиот производ може лесно да се нанесе на усните. Пигментацијата е многу добра.Само еден слој на овој кармин е доволен за одлична боја.
Цената на овие феноменални мат кармини е неверојатни 84 денари.
Тоа се моите 5 фаворити под 1000 денари ,кога станува збор за шминка. Во наредните постови очекувајте ваков тип на фаворити кога станува збор за козметика и за некои производи кои ги употребувам во секојдневната нега на моето тело,производи кои неможев да ги вклопам во ниедна од двете категории кои ги споменав предходно.
Се надевам дека Ви се допадна овој тип на пост.
Напишете ми ги во коментарите подолу ,кои се Вашите 5 фаворити под 1000 денари кога станува збор за шминка.
No comments:
Post a Comment