Friday, August 26, 2016

Look of the Week !!

Здраво девојки, 
Денес е Петок и време е за новиот  Look of the week и нови интересни модни парчиња. 
Како што сите добро знаете, секој Петок токму во оваа рубрик може да прочитате нешто повеќе за облека,обувки, акцесоари итн. кои ми се допаднале и за кои сметам дека требa да Ви ги пренесам моите импресии. 
Така денес, сакам да Ви претставам една Македонска компанија која изработува ташни и женски несесери од кожа.
Благодарение на форумџиките од Фемина форумот, дознав за оваа фејсбук страна наречена Bags Shop-Macedonia ,која може да ја погледнете на овој линк, каде може да пронајдете одлични женски ташни изработени од кожа и со одлични модерни и нтересни дизајни.
Јас се заљубив во сите нивни модели и навистина за мене беше претешко да се одлучам за неколку. Сепак на крај мојот избор падна на 2 модели, а цената на секој модел беше 600 денари.
Ова се производите кои јас ги земав :
 Што се однесува до самата страна, таа е прегледна со добро средени слики кои ги прикажуваат моделите , а на секој од нив е назначена и цена. 
Покрај тоа, јас наидов на одлична комуникација со нив, па така веднаш ми одговорија на мојата порачка,а производи веќе наредниот ден беа испратени кај мене. 
Исто така, оваа компанија изработува и производи по нарачка што е прва компанија која знам да го прави тоа. Ова ми се допадна многу ,бидејќи на таков начин може да добиете модел кој го посакувате а неможе да го купите кај нас. Притоа ќе добиете производи кои се со одличен квалитет, фина кожа и совршен изглед. 
Самите производи имаат внатрешен обложен дел со дебела подстава што е супер бидејќи нема лесно да се оштети или скине, како што мене најчесто ми се случива со повеќе ташни поради клучевите кои ги оставам внатре. 

Заедно со ташните, добвате и дополнителен каиш,па така може да ги носите како кратки ташни на рака или долги на рамо. 
И она што можеби најмногу ми се допадна, е тоа што ова е целосно Македонско производство,а покрај тоа ова компанија е соработник на голем број светки брендови како Зара итн. за кои всушност и изработува производи. 
Јас сум презадоволна од самите производи, и со сигурност нарачувам уште некој модел за предстојната есен-зима сезона.



1 comment: