Monday, August 1, 2016

Yves Rocher Sebo Vegetal Face skin care!!



Здраво девојки,
Последниов период на мојот блог многу често може да прочитате пост во кој се наоѓаат производите на Yves Rocher , но едноставно јас се воодушевив од нивните производи и неможам а да не ви ги пренесам моите искуства и позитивни импресии за некој производ кој навистина е добар. 
Како што сите добро знаете, пред извесе период направив еден haul, односно испазарив поголема количина на производи на овој бренд бидејќи прочитав доста позитивни коментари на интерент за него ,па и јас сакав да ги испробам овие природни козметички производи. И навистина се воодушевив, па така направив уште една порачка во која зедов уште неколку производи за кои во идниот период ќе пишувам на мојот блог, онака како што ќе ги испробувам производите.
Но денес сакам да ви ја претставамнивната нивната линија на производи за нега на лице Sebo Vegetal , наменета за нега на комбинирана масна кожа. 

Колекцијата во себе содржи мицеларна вода, маска, пилинг, крема и серум за лице. 
Иако немам сретнато рецензија за овие производи на интернет, водена од предходните позитивни искуства со овој бренд, одлучив да ја земам цела линија и да направам добра и детална рецензија за сите производи, па така сите оние кои се двоумат дали да ја купат или не, ќе може да прочитаат нечие искуство од користење на овие производи. 
На прв поглед колекцијата е одлична, има освежителен благ и смирувачки мирис, што мене ми се допаѓа особено бидејќи јаките мириси кај козметичките производи за лице ги иритираат моите очи и неможам да ги користам. 
Иако ја имам само неколку дена кај мене , моите први впечатоци се изненадувачки позитивни и мислам дека конечно ја пронајдов колекцијата која совршено ќе и одговара на моето лице. 
За овие неколку дена успеав да ја испробам мицеларната вода која е доста блага и нежна и одлино ја вади шминката, кремата која има геласта текстура и добро делува како подлога на шминка, и пилингот кој ја чисти кожата многу добро.
 Останатите производи чекаат свој ред. Единствено ми недостасува гел за миење на лице од истата колекција, бидејќи не би сакала да го користам пилингот секојдневно , но главно мојот прв впечаток е многу добар. За подетални информации за секој од овие производи, ќе може да прочитате во моите наредни текстови. 
Се надевам дека и Вам, како и мене, ви се допадна оваа колекција.
 До нареден пост, следете ме на мојот facebook профил  и instagram профил. 


No comments:

Post a Comment