Tuesday, August 2, 2016

Nivea Aqua effect Make -up basis !!



Здраво девојки,
Секогаш , пред  да започнете со шминкање на Вашето лице , потребно е да нанесете база за шминка . 
Така, Вашиот пудер и целокупна шминка, ќе останат подолго време на лицето и ќе изгледаат подобро.
Но, во текот на жешките летни денови, лицето има потреба од лесни производи кои ќе и овозможат лесна вентилација на кожата. 
Така, ова лето ,моја омилена база е новата база на Нивеа која има геласта структура и воден ефект. 
Пред некое време, на пазарот, барем јас ја забележав тогаш, Нивеа пласираше сосема нова и поинаква подлога за шминка која наликува на крема за лице. Производот доаѓа во стаклена тегла од 50мл како и секоја друга крема на оваа компанија.
Она што е сосема различно, е гелстата и лесна текстура на овој производ. 
Самиот производ има млечно бела боја, која нанесена на кожата се впива многу лесно и дава ефект на вода односно ја разладува кожата и и  дава пријатно чуство на свежина. Производот се впива во кожата за неколку минути, па кожата станува мазна и хидрирана без ниту еден сув дел. На овој начин таа е припремена за нанесување на останатите производи, односно течен пудер итн.  
Јас едноставно ја обожавам оваа база бидејќи ми помага во негата на моето лице и ја прави мојата шминка безпрекорна.  
 Моја целосна препорака за овој производ.

No comments:

Post a Comment