Thursday, October 6, 2016

New make up brand - Sabina Rudnik cosmetics + GIVEAWAY !!



Здраво девојки,
После неколкудневна пауза ,повторно еве ме назад со нов текст во кој одлучив да ви прикажам сосема нов бренд на декоративна козметика кој од неодамна може да се најде кај нас.
Денес сакам да ви го претставам Германскиот бренд на декоративна козметика наречен Sabrina Rudnik. Ова е бренд на дрогериска шминка, сметам дека може да ја сврстиме во таа група според нејзиниот ценовен ранг. 
Пред извесен период, сосема случајно пребарувајќи по интернет наидов на овој бренд и ми изгледаше како интересен поради одредени производи кои ги погледнав, па така нарачав неколку производи кои денес сакам да ви ги прикажам.Производите може да ги нарачате on-line на страната www.bellina.mk
 Сепак, бидејќи овие производи се кај мене од неодамна и неможев да ги испробам сите, неможам да кажам посебно мислење за секој од нив ,но тоа секако ќе може да го прочитате во моите наредни постови каде ќе направам подетални рецензии за нив.
Она што генерачно можам да го кажам за овој бренд е тоа дека производите пред се имаат интересни амбалажи и доаѓаат сосема запакувани .На тој начин  сте сигурни дека никој пред Вас не ги отварал тие производи. 
Сметам дека ова е огромен плус за брендот. 
Покрај амбалажата, мојот прв впечаток за квалитетот на овие производи е ок, некои ми се допаднаа повејќе ,а некои помалку но сепак целосен впечаток за нив ќе напишам одкако ќе ги испробам сите. 
Што се однесува генерално до квалитетот на сите производи, во однос на цената тој е супер, производите се доста пигментирани и одлично ја вршат својата намена. Особено за мене на прв поглед се издвои коректорот кој добро покрива и е доста кремаст.

Производите кои пристигнаа кај мене се: течна пудра и пудра во камен, коректор, сјај и кармин за усни, моливи и палети со сенки . А сите тие може да ги погледнете на овие слики: 

Сепак, бидејќи ова е сосема нов бренд на нашиот пазар посакав дел од овие производи да стигнат и кај вас како би се запознале одлблиску со самиот бренд. 
Па така, мало пакетче одделив и за Вас, а ќе може да го добие некој од Вас кој ќе ги исполни чекорите потребни за учество во ова наградување. 
Во ова наградување , еден среќен добитник ќе може да добие течна пудра, компактна пудра и сјај за усни на брендот Sabina Rudnik.
Деталите околу ова наградување може да ги најдете на мојата фб страна на сликата која ќе го најави ова наградување.Директен линк до него може да најдете ТУКА
Како и досега, само оние учесници кои во целост ќе ги исполнат чекорите ќе имаат право на учестово.
 Исто така би сакала да напоменам дека профилите кои се направени исклучиво за учество во наградни игри, односно се лажни и зад нив стои една личност, ќе бидат веднаш дисквалификувани. И на крај да напомен дека производите кои ќе ги добиете, се одпакувани од заштитната фолија како би можела да ги исликам и представам тука. Ниеден од нив не е користен и тие се соема нови. 

Се надевам дека ви се допаднаа овие производи, и среќно на сите оние кои ќе учествуваат во ова наградување.

4 comments:

  1. Woooooooooowwwwwwww se e preubavooo,sekogas znaete da ne iznenadite so nekoja fantasticna kolekcija sto sekoja zena bi ja posakala :) :* <3 Sekako i jas ja sakam, milo ke mi bide ako ja dobijam i probam :) Pozdrav

    ReplyDelete
    Replies
    1. Мило мие Соња што ти се допаѓа мојот избор и што ги следиш моите текстови. Се трудам секогаш да прикажам нови и интересни содржини кои ќе ви се допаднат Вам , на моите верни читатели.

      Delete
  2. Како и секогаш,само пофални зборови за вас,секогаш објавувате многу интересни содржини за нас,а изненадувате и со одлични производи и награди што секој сака да ги има,а секако и јас.Голем поздрав :)

    ReplyDelete
  3. Одличен блог. Ми се допаѓа што ќе овозможите на еден од Вашите фанови да ги проба овие нови производи на пазарот. Баш би сакала да ја пробам оваа козметика. И едвај чекам да пишете Ваш впечаток откако ќе почнете да ги користите. Поздрав и се најдобро :*

    ReplyDelete