Здраво девојки,
Покрај сетот од
малина на Yves Rocher за кој
ви пишував тука, истовремено започнав да користам уште еден производ кој во
себе содржи благ пилинг. Иако јас не користам многу често пилинзи за тело бидејќи се премногу груби за мене, сакам да користам и секогаш во мојата бања се наоѓа некој добар гел за туширање кој во себе содржи благ пилинг.
Така , водена од позитивните искуствана сетот од малина , го зедов и овој гел за туширање кој во себе содржи пилнг. Станува збор за Raspberry Peppermint Energizing Exfoliating Shower Gel на Yves Rocher. Јас едноставно сум заљубена во сите производи за нега на тело на оваа компанија од нивната линија на малина и пеперминт, па така моето искуство и со овој производ е извонредно.
Но да почнеме од неговата амбалажа.
Пластично прозирно пакување од 200мл низ кое може да се види самиот производ и интересниот пилинг за кој нема да верувате,но всушност се црните зрнца од плодот на малина.
Што се однесува до самиот производ, има феноменален мирис на малина и одлична боја, а заедно со зрнцата од плодот на малина добивате чуство дека се туширате со свежи малини.
Притоа одлично е и тоа што ви е потребна сосема мала количина на производ за едно туширање, па така ова пакување од 200мл иако го користите секојдневно, со сигурност ќе трае 3 недели до 1 месец.
После неговото користење, кожата е мека нежна и од неа се одстранети сите мртви клетки.
Она по што овој гел за туширање се разликува од обичниот гел за туширање од малина, е мирисот кој останува на кожата, а кај овој производ тој исчезнува за еден ден.
Се на се , на крај како целосен впечаток можам да кажам дека ова за мене е одличен пилиг гел кој ова лето ,неагат на кожата ми ја направи интересна и „вкусна“ .
No comments:
Post a Comment