Здраво девојки,
Денес сакам да Ви претставам еден новитет, иновација во
светот на козметиката која кај нас, ако не се лажам , пристигна прв како дел од
големото семејство на брендот Yves Rocher.
Станува збор за течен пудер кој всушност доаѓа во
пакување како камен.
Light
foundation coushion е името на новиот пудер кој има улога на втора кожа
на Вашето лице. Поентата на овој тип на пудер, е да се создаде готово невидлив
пудер кој ќе ги прекрие неправилностите на лицето, а притоа ќе биде лесен за
кожата и неприметлив за човечкото око.
Јас го користам веќе 2 недели од прикилика, и сум
воодушевена.
Одкако го погледнав овој тип на пудер на каналите на светските
блогери и јутубери, фасцинирана сум и едвај чекав да пристигне вакво нешто и
кај нас.
Па затоа, веднаш го набавив и од тогаш непрестано го користам.
Овој пудер доаѓа во пластична паковка како и камен пудер,
но овој пудер е доста течен па е сместен,односно натопен во еден сунѓер кој е
безбедно поставен во кутијата, а заедно со него добивате и посебен апликатор од
густ сунѓер со кој може да го нанесувате и дозирате производот на лицето.
Поради неговата текстура, овој пудер скоро и не е можно да се нанесе со помош
на четка за течен пудер.
Самиот пудер е
доста лесен, нежен на лицето и веднаш се прилагодува.
Има средна покривна моќ,
па е одличен и за дневна и а вечерна шминка. Исто така е долготраен, односно
нанесен на кожата без дополнително фиксирање, останува со часови .
За мене ова
стана совршен пудер за овие летни и жешки денови, бидејќи и овозможува на
мојата кожа да дише, а притоа и дава беспрекорен изглед.
Моја целосна и топла
препорака за овој производ.
No comments:
Post a Comment