Здраво девојки,
Како што неодамна Ви напоменав , воведов некои новитети на мојот блог, па така секој Петок тука во оваа рубрика ќе може да погледнете најразлични комбинации на облека, обувки,шминка итн. што ќе Ви помогнат во секојдневниот избор на различни комбинации.
Денес, за Вас припремив една лежерна комбинација на летно фустанче, сандалки и џемпер, кои може да ги носите на некоја неформална мала прослава со најблиските или на вечерно изгледување со Вашите другарки.
За оваа комбинација избрав, летно шарено фустанче на LC Waikiki кое има прекрасен лесен материјал со летен и шарен дезен.
Овој фустан , комбинирајте го со извонреден пар на сандали на компанијата Marwell кои имаат жолти детали како и самиот фустан. Сандалките се доста лесни за носење, и покрај штиклата. Овој пар на сандалки одлилно се вклупува и во секојдневни комбинации,но и во поелегантни варијанти. Секако, одлични доколку сакате да оставите впечаток и да дадете личен печат на Вашиот изглед. Сосема удобни и пристапни.
И сето ова, го надополнив со еден џемпер,како изглед кој моѓе да го носите и во вечерните часови.
Се надевам дека Ви се допадна оваа моја предлог комбинаци, и дека барем малку Ви помогнав во изборот на облека и обувки за овој викенд.
No comments:
Post a Comment