Friday, June 17, 2016

Ziaja Subtle Bronze Body Lotion !!!!

Здраво девојки,
Летото е веќе тука, и време е да се припреминме за овие толи денови кога танката облека и исончаниот тен се тотален погодок. За сите оние кои сакаат природно исончан тен веднаш и без изложување на штетните сончеви зраќи, компанијата Зиаја на пазарот лансираше производи токму за оваа намена. 
Денес, сакам да ги споделам со Вас моите импресии од користењето на Ziaja Subtle Bronze Body Lotion , кој всушност е лосион за потемнување кој истовремено ја негува кожата и благо ја потемнува. 
За разлика од поголемиот број на лосиони со слична намена, кај кои после туширање бојата се вади , ова не е таков случа ,па овој лосион дава постепено потемнување кое ќе остане на Вашата кожа повеќе време. Лосионот доаѓа во пластично пакување кое е доста практично за дозирање, има пријатен мирис и средна густина. Лесно се нанесува и доста е пријатен на кожата. Веднаш по нанесувањето не дава никаква боја, но по неколку часа ќе забележите како Вашата кожа благо потемнува. Затоа , е многу битно да го нанесете добро и рамномерно по целата површина а кожата за да немате делови кои ќе бидат побели. Овој лосиот, може да го нанесувате секојдневно, во зависно од степенот на потемнување кој сакате да го постигнете, но ниакко нема да се случи веднаш да добиете многу темна боја што според мене е одлично, бидејќи може да го користат девојки кои сакаат да добијат благо испончан тен , а и оние кои сакаат нивната кожа да биде доста темна. 
Овој лосион исто така, има одлична структура па ја негива кожата на телото , и после него таа е хидратизирана и мазна . 
За мене ова е одличен лосион кој го користам како би го подобрила изгледот на мојата кожа. 


Извор на сликите: 
http://ziaja-germany.com/produkte/k-rperpflege/k-rperlotionen/2175,br-unungslotion
https://www.zjashop.com/collections/subtle-bronze

No comments:

Post a Comment