Здраво девојки,
Денес, уште еден новитет,кога станува збор за нови
постови на мојот блог кои ќе можете да ги следите секоја недела.
Секоја од нас, губи доста време наутро па и во текот на
денот, додека одбереме кои производи ќе ги користиме за нашата шминка. И
секако, секогаш ги избираме најновите, а оние малку постари остануваат некаде
во нашата остава и неправедно се забораваат. Затоа, одлучив да ги ротирам сите
производи кои се наоѓаат во мојата колекција, а сето тоа ќе го направам преку
оваа кошница со шминка каде ќе изберам производи кои ќе ги користам во текот на
неделата. Тоа ќе бидат производи кои ќе ги користам на дневна основа, и тие ќе
бидат едниствените кои ќе ги употребам за моето секојдневно шминкање.
Ова е мојата кошничка за оваа недела..
За оваа недела се одлучив за следниве производи:
1. Aura Refresh Me foundation
2. Avon bronzing pearls
3. Flormar blush duo
4. Essence eyebrow set
5. Avon eye shadow palette
6. Aura highlighter
7. Galafarm Sensilis lip butter
8. Malena lip glosses
9. Essence lip stick
10. Aura Xpress eye pencil
11. Max factor 2000 calories mascara
No comments:
Post a Comment