Здраво девојки,
Утринската и вечерната рутина ,кога станува збор за
козметичките производи кои ги користиме секојдневно, се едни од моите омилени
постови кои секогаш ги читам кај останатите блогери, и целосно уживам во тоа.
Затоа, одлучив и јас да Ви ја прикажам мојата утринска и вечерна рутина .
Денес , сакам да Ви ги прикажам производите кои јас ги
користам секојдневно, секое утро ,како козметички почеток на денот.
Секој мој ден започнува со мојата утринска тоалета, кога
најпрво сакам да се истуширам и освежам, а веднаш потоа преминувам на мојата
утринска рутина на нега на моето лице.
За таа цел користам 3 производи,кои во овој топол и летен
период, се покажаа одлични за нега на којата кожа но,и на моите сетила бидејќи
целосно го будат моето тело.
1. Афродита гел за миење на лице- првиот производ со кој
ја започнувам негата на моето лице е гел за миење н алице. Во моментов тоа е
гелот на козметичката компанија Афродита, Clean Phase гелот кој во себе содржи хијалуронска
киселина. Овој гел целосно ја одстранува маснотијата од лицето, доста е благ ,
пријатен , а она што е најдоброј кај него е тоа што во себе не содржи парабени
, парафини и вештачки бои.
2. Ziaja
тоник за лице- следниот производ кој
го користам е тоникот за лице.
Морам да кажам дека конечно одкрив тоник и крема
за лице кои во целост ми одговараат, се природни и даваат извонредни резултати.
Овој тоник на компанијата Зиаја ,во себе содржи краставица која и дава свежина
на коѓата и ја буди.
Одличен призвод кој темелно ја чисти кожата, и спречува
појава на акни . Овој тоник во себе содржи витамин Б5 што и помага на кожата да
биде здрав и тонирана.
Па со тоа, користењето на овој тоник обезбедува
посветлување на тенот на лицето, со што ќе се ослободите од темните флеки кои
настанале како последица на акни.
3. Ziaja
крема за лице- незнам зошто но, секогаш сакам да користам козметички
производи во пар или сет.
Сметам дека користењето на производи од истиот сет,
даваат најдобри резултати. Затоа, јас ја користам истата крема како и тоникот,
на Зиаја со екстракт од краставица.
Овој производ ми се допаѓа уште повејќе од
самиот тоник.
Има феноменален пријатен и свеж мирис, мазна текстура што оваа
крема ја прави многу нежна за лицето .Доста е лесна ,лесно се нанесува и впива
во кожата. По нејзиното користење,
кожата на лицето е хидрирана и свиленкаста. Тонирана и посветлена со ист ефект
како и тоникот за лице.
Оваа крема ја храни и негува кожата на лицето, давајќи
и здрав изглед.
Тоа е мојата утринска рутина на нега на лице, а во некој
од наредните постови очекувајте ја мојата вечерна рутина на нега на лице.
No comments:
Post a Comment