Thursday, June 9, 2016

AURA TAKE It OFF Micellar Water & Bi-Phase Eye&Lip Waterproof Make up Remover !


Здраво девојки,
Денес за Вас, припремив уште една рецензија за новитетите на Аура, а овој пат станува збор за Take it Off средствата за одстранување  на шминка, односно мицеларната вода и двофазното средство за одстранување на шминката од очите. 
Самата амбалажа на овие два производи, е навистина софистицира , едноставна но доста елегантна  и интересна. Голем плус е тоа што амбалажата е прозирна па производит целосно се гледа. Притоа, овие два производи во себе содржат природни состојки како камилица, ружина и алое вера , што истовремено додека ја вади шминката од лицето го негува и храни. 
Мицеларната вода- доаѓа во пластично прозирно шише од 200мл. 
Самиот производ има доста нежен и пријатен мирис кој наликува на цветен спреј за тело. Самата мицеларна вода  е навистина добра, одлично ја вади шминката од целото лице, притоа нежно негувајќи го .
И она што е навистина многу добро, е тоа што Ви е потребна сосема мала количина на овоој производ, за целосно да ја одстраните шминката од Вашето лице.
 Со тоа, самата мицеларна вода ќе трае многу повеќе од останатите обични тоници или млека за лице со кои може да ја вадите шминката навечер.
Јас ја користам секоја вечер, нанесена на тупфер со кој нежно преминувам преку лицето.
 Овој производ веќе стана дел од мојата секојдневна рутина за нега на лицето, па така ја користам и кога немам нанесено шминка, бидејќи нежно и благо делува на мојата кожа и ми помага во порбата против акните кои кај мене се појавуваат во овој период поради мојот тип на кожа кој е масен. 
Оваа мицеларна вода, го чисти моето лице и го одстранува непотребниот и дополнителен себум кој се излачил во текот на денот.
 Феноменален производ и мој тотален фаворит овој месец. 
Двофазно средство за одстранување на шминка- овој производ е исто така новитет на пазарот од компанијата Аура,и е наменет за одстранување на шминката од очите и усните.
 Производо доаѓа во мало пластично шишенце од  100мл што е навистина доволен производ за неколку месечо користење, ако се земе во обзир тоа што е навистина делотворен и целата јака шминка од очите може да се одстрани само со 2 тупфери натопени со овој производ.
 Секако пред користење, потребо е да се протресе шишето како двете фази од овој производ би се помешале. Исто како и мицеларната вода, и овој производ има интересен цветен и нежен мирис кој е доста пријатен, а исто така е и водоотпорен.
 Секако , овој производ може да го користите и за одстранување на доста јака и тешка шминка  на целото лице.Секако, бидејќи во себе содржи уље, за оние кои имаат масен тип на кожа, а сакаат да го користат ова мало чудо на целото лице, по вадењето на шминката со него , исчистете го темелно лицето со погоре споменатата мицеларна вода, и ќе добиете прекрасно чиста и нежна кожа. 
Како и мицеларната, и овој производ во себе содржи ружина вода, а она по што се разликуваат е тоа што овој производ содржи и екстракт од Северно Американски даб . 
И тоа е тоа за оваа рецензија. Се надевам дека Ви се допадна, и дека веќе ги имате пробано овие два извонредни новитети на Аура. Ако не е така, веднаш набавете ги во сите поголеми парфимерии, ДМ дрогериите, Космо итн.

No comments:

Post a Comment