Wednesday, June 15, 2016

Eveline Cosmetics Quattro Eye Shadow Palette..



Здраво девојки,
Eveline е француски козметички бренд кој од неодамна е на нашиот пазар со нови интересни и иновативни производи. Така , денес јас сакам да Ви ги пренесам моите впечатоци од користењето на нивната палета со сенки за очи , Quattro eye shadow palette во број 1. 
Ова е доста компактна палета со 4 сенки има некоја средна големина, па е сосема практична за носење во ташна или несесер доколку патувате, бидејќи нема да ви одзема многу простор, а добивате 4 сенки кои меѓусебно се надополнуваат .
Сама палета , содржи 4 бои и тоа бисерно бела, сива, темно плава и црна. Оваа палета е составена од сенки кои во себе имаат седеф. 
Самиот производ лесно се нанесува со помош на апликаторот кој доаѓа во пакувањето, или со четка за нанесување на сенка. 
Исто така лесно се блендаат и надополнуваат една на друга, па со нив може да правите најразлични и интересни make up изгледи, кои ќе се прилагодат од дневна до вечерна гламурозна шминка. 
Она што е интересно и доста практично,  е тоа што производителот , на предната страна на паковката, дпечатил предлог туторијал за шминка која може да ја постигнете со оваа палета на сенки. 
Со тоа ваа палета е совршена за сите млади девојки кои се почетници во шминкањето и незнаат како треба да ги користат и комбинираат сенките. 
Тоа се моите впечатоци за оваа палета. Јас уживам додека ја користам ,и навистина стана некако дел од моето секојдневие. Се надевам дека Ви се допадна овој производ, а ако е така веднаш до најблиската парфимерија и набавете ја оваа или некоја од другите комбинации на бои на оваа пелта со сенки на Eveline.

No comments:

Post a Comment