Wednesday, June 29, 2016

June Favorites !!!

Здраво девојки, 
Јуни е на крај ,па веќе е време за месечните фаворити. Изминатиов месец, започнав да користам многу нови производи , и голем дел од нив ми се допаднаа,но секако не можеа сите да се најдат во овие фаворити, па длучив да одделам неколку од нив и да ги поделам по категории па така полесно да ви ги претставам. На крај, излегоа 15 производи кои се мои тотални фаворити за месец Јуни, и за кои подолѕ ќе Ви ги пренесам моите импресии. 
1. Нега на лице- кога станува збор за нега на лицето, овој месец на мојта кожа и одговараа освежувачки производи. Така, мои фаворити овој месец се гелот за миење лице на Афродита ,кој во себе содржи хијалуронска киселина која нежно ја одстранува маснотијата од кожата. Притоа овој гел не содржи парабени и вештачки бои ,и е Ph неутрален. Покрај него, тоникот на Нивеа, беше уште еден производ кој одлично делуваше на мојата кожа,и конечно мислам дека го пронајдов идеалниот тоник за моето лице кој можам да го користам како едиствен производ со кој ќе ја исчистам кожата навечер и ќе ја одстранам шминката, тогаш кога сум премногу уморна за целосна рутина. 
2. Нега на коса - овој месев, мој фаворит кога станува збор за нега на косата, е шампонот на Балеа ,кој е наменет за нега на долга коса. Одличен производ, супер цена, многу добро ја чисти косата и одлично мириса. По користењето на овој шампон, воопшто немав потреба од балзам бидејќи тој ја прави косата сосема мена и мазна ,па таа лесно се расчешлува. 
3.Шминка - како и секој месец, така и овој, кога станува збор за шминка , тука се најдоа повеќе производи како мои месечни фаворити.
Мој омилен бронзер овој месец, беше All Year Bronze  на компанијата Aura, кој го користев како бронзер-потемниот дел, и како хајлајтер -посветлиот дел. Одличен производ кој дава природен изглед, лесно се бленда и прилагодува и во дневна и во вечерна варојанта на шминка.
Покрај бронзерот, уште еден производ на Аура, овој месец е мој фаворит, а станува збор за течниот пудер Refresh Me. Ова е одличен лесен пудер, добар за лето , дневна и лесна шминка. Лесно се бленда и стопува со лицето , и притоа не остава чуство на маска на лицето ,што и овозможува на кожата да дише.
Кога станува збор за маскара, овој месец бев воодушевена од црната маскара за волумен на Eveline - Big volume explosion. Ова е првата гумена четка која мене ми одговара, и навистина два одличен волумен на трепките. Нанесена во 2 слоја, трепките добиваа толку волумен што наликуваа на вештачки.Самата маскара има интензивна црна боја, што им дава одлична дефиниција на очите. Одличен производ и воодушевена сум од оваа маскара.Моја тотална препорака за овој производ. Браво Евелин за оваа маскара.
 И последни фаворити за овој месец во делот на шминка, се мат кармините на Малена, кои се нај мат кармини кои сум ги пробала до сега, со најголема пигменатација и најголема трајност. Јас ги имам во 4 нијанси ,кои ги обожавам и изминатиов месец ги носев во секоја варијанта. Дневна, вечерна или гламурозна, во секоја прилика овие кармини остануваа и до 10 часа на усните без помесување. Лесно се нанесуваат поради одличниот апликатор, но имаат потреба од малку подолго време додека не се исушат, па во тој период се малку лепливи. Одкако ќе се исушат на усните, се сосема мат ,не се лепат и не се пресликуваат. Јас се воодушевив од овие кармини на Малена. Едноставно феноменални. 
4.Нокти- овој месец, имав чест да се запознаам со колекцијата на лакови наречена Resistant на компанијата Аура, и како што може да погодите, воодушевена сум од нив. Јас имам 4 нијанси ,кои се сосема различни и специфични но, одлични за летниот период и големиот број на гламурозни забави. Овие лакови имаат неверојатна пигментациа, па потребен вие само еден слој од овој лак за да постигнете целосна покриеност на ноктнат плоча. Кај мене, овие лакови траеја и до 10 дена иако притоа ги работев сите мои вообичаени секојдневни обврски. Имаат голема четка со која лесно и прецизно може да го нанесете лакот. Исто така, сјајот на овие лакови е одличен и тоа е карактеристика што ме воодушеви. Одлични лакови, со сигурност ја зголемувам мојата колексина на Resistant. 
5. Нега на тело - и последен производ, но секаок не и најмалку битен, во овие фаворити е производот за нега на тело. Зиаја пудер за тело од портокал , е мојот фаворит за нега на телото овој месец. Оваа зима, кожата на моите стапала и нозе особено стана сува и дехидрирана, па во почетокот на летниот период имав потреба од некој производ кој брзо ќе ја ревитализира и хидрира мојата кожа, бидејќи лосионот за тело кој го користев не ми помагаше. Одлучив да го пробам овој производ на Зиаја, кој е сосема природен , а покрај тоа во себе собржи Омега3 ,Омега6 и Витамин Е. Овој производ има интересно пакување и доста практично, а мирисот е на свеж портокал. Доста е густ но, лесно се нанесува и размачкува на кожата, по што дава свежо чуство на опуштање. За мене ова е вистински спас. Јас го користам цел месец, и стигнав до половина на ова пакување. Мене ме воодушеви овој пудер за тело, по кој кожата е мека ,нежна и мазна. Со сигурност овој пудер станува дел од мојата основна нега на тело. Целосна препорака.
И тоа е се за овие фаворити. Се надевам дека Ви се допаднаа, и дека уживавте читајќи ги моите искуства и препораки. Доколку пробате или сте користеле некој од овие производи, секако споделете ги Вашите искуства со мене во коментарите подолу. 
А до следниот пост, следете го мојот блог, мојот фб профил, инстаграм, моите рубрики на Дама.мк и MyGalaLife.com , и секако не заборавајте  да се пријавите на НАГРАДУВАЊЕТО уште неколку дена. 

No comments:

Post a Comment