Здраво девојки,
Денес за вас припремив една рецензија на првата пудра
која целосно и потполно и одговара на мојата кожа на лице.
Пудра која не само
што мојот тен го направи феноменален, туку и додека ја имам на лицето го негува
истото.
Денес сакам да ви зборувам за пудрата на Max factor Face finity all day flawless 3in1.
Кога за прв пат ја купив оваа пудра, бев во потрага на
нешто поскапа пудра која ќе можам да ја користам и во дневна и во вечерна
варијанта. Па моите предходни и позитивни искуства од користењето на
производите на Мах фактор ,ме наведоа кон тоа да испробам некоја пудра од
нивниот асортиман. И така јас се одлучив за оваа 3во1 пудра која во себе содржи
база,коректор и пудра. А моите впеачтоци
од неа ќе ги прочитате во продолжение.
Кога купувам производи, покрај нивниот квалитет, за мене
е дост битна и амбалажата на производот. Па така, тоа беше првото нешто што
визуелно ме привлече кај оваа пудра. Елегантно стаклено пакување од 30мл со
пумпица кое е одлично бидејќи на тој начин лесно и едноставно може да ја
дозирате пудрата.
Самата текстура на пудрата е феноменална. Лесна,
свиленкаста и сосема нежна. Оваа пудра се нанесува лесно, а уште полесно се
соедниува со кожата и бленда.
Исто така ,кај неа е одлично тоа што има
способност за надоградување, па така со еден слој ќе постигнете средна до
целосна покривност, а со 2 слоја целосна покривност на сите неправилности на
лицето.
Пудрата има полумат завршеток па така не изгледа како
маска и не ја стега кожата, напротив нема ни да ја почуствувате на Вашето лице.
Нејзиниот полумат финиш, оваа пудра ја прави одлична за нормална и масна кожа,
но не и за сува бидејќи може да ги истакне сувите делови на лицето.
Исто така, кога ја користите оваа пудра непостои потреба
од користење на база бидејќи таа веќе има во себе, а и коректорот не е
задолжителен, па нанесувањето на уште еден слој на местот кое сакате целосно да
го прекреите ќе биде сосема доволно.
Како што кажав погоре, ова е пудра која јас ја користам
за дневна шминка бидејќи покрај другото во себе содржи и СПФ 20 што ја штити
мојата кожа од штетните сончеви зраци и
при тоа ја нанесувам во еден слој, а во нешто подебел слој како
подлога за вечерната и појака шминка.
Притоа, оваа пудра останува доста долго
на лицето без притоа да се одстрани од некои делови или да направи лицето да
изгледа како да носите маска на него. Најдолгиот период кој јас ја имам носено
во текот на еден ден , се 8 часа и навистина се покажа одлично.
Покрај сето
ова, јас ја користам и како база за сенки за што исто така се покажа одлично.
Сенките ги сржи на место со часови без притоа да дозволи тие д асе разлеат или
соберат во прегибот на очниот капак.
Ова е феноменална пудра
и можам да ви дадам целосна препорака за неа.
Нејзината цена изнесува
850 денари, а може да ја најдете во парфимеријата Еликсир .
Prekrasen izbor na pudra od Max factor,do sovrsen izgled 👍👍👍😃😃💜💜
ReplyDelete