Wednesday, June 22, 2016

Eveline Cover Sensation Foundation !!!



Здраво девојки,
Овој период , новитетите и новите производи се доста чести кај мене, можеби е тоа така бидејќи еден период како што знаете се посветив на трошење на моите залихи и не пазарев нова шминка, а можеби и затоа што со летото пристигнаа многу новитети од компаниите кои се феноменални па едноставно неможам да им одолеам а да не ги пробам.
Уште еден новитет денес за вас, а станува збор за течниот пудер на компанијата Евелин, Cover sensation  течен пудер со целосна покривна моќ, полумат производ кој на Вашето лице ќе се задржи и до 24 часа. 
Пудерот доаѓа во стаклена паковка која во себе содржи 30мл. на производ.
 Овој пудер е еден од оние чие пакување има пумпица па лесно може да ја дозирате посакуваната количина на производ.
Како што кажав и погоре, ова е пудер кој има целосна покривна моќ и сетуван на лицето останува и до 24 часа. Неговата текстура е многу добра, па е доста пријатен за лицето што не создава чуство на тежина и маска на лицето, кога го носите.
 Овој пудер лесно се нанесува, бленда и прилагодува на кожата на лицето , а поради тоа што е полумат ,дава ефект на природно чисто и мазно лице. Ова е пудер кој е феноменален за вечерна и гламурозна шминка. 
Уште една намена на овој пудер, е и тоа што јас го користев како база за сенка на очните капаци, во што исто така се покажа доста добро. 
Моја целосна препорака за овој пудер, осбено во овој период од говината кога пред нас се голем број на гламурозни прослави. 

No comments:

Post a Comment