Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Како што ви најавив на мојот фејсбук профил, денес со Вас
ќе ги споделам моите впечатоци ,односно целосна рецензија за новите нијанси на Shine Excess кармините на
компанијата Аура.
Аура , додаде 4 бои на овој кармин во својата линија и
тоа во бои 770,771,772 и 773 кои се нешто сосема поразлично од она на што сме
навикнале досега.
Секако, Аура како и со многу други новитети, така и со овие,
се издвои од останатите и на пазарот лансираше кармини кои создадоа револуција
во начинот на шминкање.
Самата текстура на кармините е добро позната, доста
кремаста и со сјаен завршеток.
Нежна за усните, ги негува и подхранува.
Исто
така, обликот на овие кармини кои имаат остри ивици, ни овозможува лесно и
прецизно нанесување на карминот на усните без предходно наесување на молив за
усни. Ова се новите нијанси : кафеава,лаванда-виолетова, јака плава и црна.
Лудачки добри нијанси, одлични за сите смели девојки кои
сакаат да го издвојат својот стил и да бидат впечатливи, во летните денови кои
следат и многубројните прослави кои доаѓаат. Секако , за оние помалку смелите,
овие 4 новитети на Аура, можат да ги искористат и како дополнителни производи
со што ќе ја прават својата шминка посебна и впечатлива.
Така, овие кармини
имаат и дополнителна примена ,односно можат да ви помогнат во постигнување на
доста популарниот ефект на омбре усни, со дозирање на црната боја врз карминот
со кој сакате да направите омбре ефект.
Истит ефект, но во поблага форма, оже
да го постигнете и со кафеавата нијанса на овој кармин, но покрај тоа, оваа
нијанса може да ви помогне во тоа да затемните некоја нијанса на кармин која е
премногу светла за Вас.
Плавата и лаванда-виолетовата нијанса, се доста
специфични сами по себе, па така се одлични за саостално носење кога сакате да
ги истакнете Вашите усни, или да направите некој посебен make up изглед за
посебни пригоди.
Јас пред се, сум воодушевена од одличната тексура на овие
кармини, а секако и од смелоста на компаниајта да создаде вакви нијанси на кармини.
Но,
сметам дека е доста добро тоа што сега сме во можност потполно да ја искажеме
нашата креативност , и да ги поместиме границите на класичното секојдневно
шминкање. Одлични производи . Мои фаворити од овие 4, кафеавата 770 и лаванда
нијансата во број 771.
Кој е Вашиот фаворит?
Се надевам дека ви се допадна оваа рецензија, а до
наредниот текст следете ме на facebook и instagram.
No comments:
Post a Comment