Tuesday, June 14, 2016

Unboxing - YVES ROCHER New In #5



Здраво девојки,
Денес, сакам да Ви ги претставам моите новитети од еден феноменален бренд кој неодамна го открив и навистина сум фасцинирана од нивните производи.
Станува збор за францускиот бренд Yves Rocher, кој во својот асортиман на производи , нуди природна декоративна и препаративна козметика.
Мојот прв „контакт “ со овој бренд беше сосема случајно истражување по интернетот, а бев во потрага по природна козметика, и наидов на овој бренд за кој голем број од светските блогери имаа само пофални зборови. Па така, одлучив и јас да пробам некои од нивните производи. Еве што избрав јас од овој бренд: 
И одма морам да кажам дека не застанувам овде, оваа компанија има феноменални производи па веќе во план ги имам и следните производи на кои би сакала да станам горда сопственичка. 

Мојот прв впечаток од овие производи е феноменален. Одлична амбалажа, нежна , софистицирана и елегантна.
 Производите имаат неверојатно добри мириси, и одлични комбинации ,особено кај геловите за туширање кои ми се допаднаа многу. 
Секако, новата линија  PLAISIRS NATURE 3 на природна козметика за тело,од која нарачав 3 гелови за туширање, едно уље за туширање и еден пилинг за тело, ме фасцинирше поради својата текстура , мирис и начин на кој сосема нежно ја негува кожата на телото, а притоа знаете дека употребувате природни преарати кои се здрави за Вашето тело и не содржат штетни хемикалии.

Покрај нив, тука се најдоа и шампонот против опаѓање на коса  и млекото за лице од камилица.

Исто така , нарачав и неколку парчиња од декоративната козметика, бидејќи како што знаете сите тоа е мојата логела љубов и не би можела а да не пробам шминка , пред се 3 пудери , 1 палета со сенки, руменило и два кармини.
На последната слика,може да погледнете како изгледаат кармините нанесени на рака, и да ја погледнете таа лудачки добра пигментација.
Се надевам дека Ви се допаднаа овие производи.Јас со нетрпение очекувам да ги испробам сите, а потоа секако и да ви ги пренесам моите впечатоци. Затоа , читајте го мојот блог секојдневно и следете ги новите текстови.  


No comments:

Post a Comment