Здраво девојки,
денес сакам да ви ги пренесам моите впечатоци за серумот,
кремата и пилингот на францускиот бренд Yves Rocher од нивната колекција за масна кожа Sebo Vegetal.
Маската за лице и мицеларната вода од оваа линија веќе
можевте да ги видите во моите претходни текстови, а серумот за лице го опишав
во мојот најнов текст на сајтот My Gala Life, кој може да го погледнете на овој линк.
Како што напоменав и во моите претходни текстови, јас сум
воодушевена од оваа колекција и во целост и одговара на мојата кожа на лице, па
затоа таа стана дел од мојата секојдневна нега.
Колекцијата е одлична, нежна, но и доволно груба во исто
време, доволно онолку колку што е потребно за да го отстрани непотребниот себум
од кожата и да ја негува длабински.
Но, тука денес сакам да обрнам повеќе внимание на гел
кремата и пилингот за лице од оваа колекција.
Матирачка гел
крема - Кремата доаѓа во туба од 50ml. што е количина сосема
доволна за 2 месечна секојдневна употреба, барем за начинот на која јас ги
користам кремите генерално. Самата крема има жолтеникава боја и лесна скоро
провидна текстура.
Доста е воденкаста и лесна, па нанесена на кожата дава
ефект на разладување и свежина. Поради својата геласта структура оваа крема е
доста лесна и не ја масти кожата, напротив ја матира и хидрира во исто време.
Исто така, таквата текстура и овозможува лесно и брзо упивање во кожата на
лицето .
Покрај секојдневната нега, која оваа гел крема и ја пружа на кожата,
може да ја користите и како база за шминкање, пред нанесување на вашата
секојдневна шминка.
После користење на
оваа крема, кожата е мека, нежна на допир, визуелно почиста и одлично негувана.
Прочистителен пилинг
за лице - Покрај останатите производи од оваа колекција, исто така
изминатиот период го користев и пилингот за лице на истоимената колекција.
Самиот пилинг доаѓа во туба од 75ml што е сосема доволна количина за
неколкумесечно користење со оглед на тоа што барем јас практикувам користење
на пилинг еднаш во 10 дена. Самиот пилинг има бело-зеленкаста текстура во која
се наоѓаат гранули кои ја чистат кожата длабински и го измазнуваат нејзиниот
површински слој. Па така, овој пилинг ќе ви помогне во отстранување на сите
митесери и ситни неправилности на лицето.
Пилингот има пријатен мирис, па
негата со него е вистинско уживање.
Јас го обожавам, бидејќи
длабински ја отстранува целата нечистотија и мртва кожа од површинскиот слој на кожата на моето
лице.
И тоа е се за оваа колекција, се надевам дека сите оние
девојки, кои имаат проблем со масната
кожа како и јас, ќе пронајдат барем еден производ од оваа колкција кој ќе го
обожаваат.
No comments:
Post a Comment