Здраво девојки,
Колку и да сакаме летот да остане сеуште, барем јас би сакала , сепак
есента полака пристигнува, а со неа и новите светски трендови.
Така, денес сакам да Ви ги претставам есенските трендови кога станува збор
за шминка.Овој текст, можете да го погледенте и на сајтот My Gala Life во склоп на мојата рубрика таму Викенд "beauty" со Марија на овој линк .
Оваа есен темните нијанси на кармини за усни дефинитивно се ин , а особено
бордо нијансата со која ќе ги истакнете Вашите усни и ќе постигнете женствен и
сензуален изглед.
Оваа есен се ќе се „врти“ околу
поместувањето на границите и изнаоѓањето на нови начини на нанесување и
комбинирање на црното моливче и глитерот.
-Драматичиот изглед на очи постигнат со црно моливче кое е нанесено во
дебела линија на долниот капак на очите дефинитивно е еден од трендовите оваа
есен. Направете го тоа онака како што Вам најмногу ви одговара, во дебелина и
интензизтет но не заборавајте да го изблендате за да го постигнете тој
драматичен изглед.
-Темните нијанси на усни се лседниот тренд кој оваа есен ќе биде ин. Темно
виолетова, борда па дури и црна боја на усни е идеален избор за оваа есен
доколку сакате да изгледате модерно и тренди. Изберете ја онаа боја на кармин
за која сметате дека најдбро ви стои ,но не заборавајте да одберете најтемната
нијанса. И секако, сјајните кармини оваа есен се вратија на голема врата.
Погрижете се Вашите усни да бидат сјајни и хидрирани.
- Уште едне тренд оваа есен се светките во облик на сенки за очи. Но,
нанесени во сосема софистициран и интересен начин кој ќе ја истакне убавината
на Вашите очи
-Секогаш кога избираме производи за шминкање во праскасти нијанси, тоа го
правиме на пролет и лето .Но оваа есен, шминкерите воведоа нов тренд и покажаа
како овие нијанси на праска можат одлично да се вклопат во есенска шминка
- Јаката црвена боја на кармин е специфична но и драматична. Па токму
затоа, оваа есен ,усните во оваа боја се целосен погодок. Направете дневна
варијанта на шминка каде на усните ќе нанесете јака црвена боја и тоа нека го има фокусот на Вашето лице. На
очите нанесете тенок слој на маскара.
No comments:
Post a Comment