Saturday, September 3, 2016

Review: Yves Rocher Couleurs Nature Matte fluid foundation ...


Здраво девојки ,
добро дојдовте на мојот блог.
Изминатиов период добив доста пораки од вас, некои приватни, некои како коментари на инстаграм, во кои ме замоливте за одредени постови, кои би сакале да ги читате на мојот блог. Така, еден од најмногу побарувани постови беа рецензиите за пудри. Ова идеално се поклопи со тоа што јас изминатиов период испробував неколку нови пудри  па така деновиве на мојот блог ќе може да прочитате повеќе рецензии за нив.
Но, да започнеме со  денешната рецензија, која се однесува на матирачката пудра на компанијата Yves Rocher
Пудрите за матирање се оние кои во целост одговараат на мојот тип на кожа. Но, ваквите пудри се доста тешки и не се погодни за секојдневно носење, бидејќи влијаат лошо на самото лице.
Испробувајќи различни производи, сакав да испробам и неколку различни матирачки пудри како би можела да направам споредба и да ја изберам онаа пудра која најмногу ќе му одговара на моето лице.
Така наидов на пудрата за матирање на Yves Rocher и, водена од тоа дека овој француски бренд произведува природна козметика, сакав да ја пробам. Кога го нанесов тестерот на мојата рака, бев воодушевена од тоа колку оваа пудра е лесна, а како добро матира и прекрива.
Секако ја зедов, испробав и денес ви ги пренесувам моите впечатоци. 
Пудрата за матирање од линијата Couleurs Nature на брендот Yves Rocher доаѓа во пластично мало пакување од 30ml. на кое е назначено името и бојата на самата пудра. Јас ја зедов нијансата беж 100 и идеално се вклопи во мојот светол тен.
 Ова е доста лесна пудра со оглед на тоа што е матирачка, нејзината структура е воденкаста, па пред да ја истиснете од пакувањето потребно е добро да го протресете шишенцето.
 И, секако мора да го споменам нејзиниот мирис, кој е феноменален. Одличен, нежен, женствен и дискретен, но преубав мирис. Ова е пудрата со најубавиот мирис која ја поседувам.
Самата пудра како што кажав, е доста лесна, лесно се нанесува и бленда, а матира веднаш. 
Има целосна покривна моќ, но и способност за надоградување што е одлично за сите оние кои сакаат да ја дозираат својата пудра. 
Нанесена на лицето дава свиленкаст, заматиран изглед кој е измазнет. Јас ја носев најдолго 6 часа, и во тој период одлично ја контролираше маснотијата без потреба од поправање на шминката. Притоа не е потребно сетување на оваа пудра со камена пудра, бидејќи има мат завршеток, кој се сетува сам. 
Исто така, оваа пудра ја користев и на очните капаци како база за сенки за што се покажа одлично. Сенките беа на свое место и после неколку часовно носење, не се собираа во прегибот и не ја загубија нивната пигментација.
Цената на оваа пудра за 30ml. беше 600 Денари. Може да ја најдете во продавниците на Yves Rocher  во City mall Скопје, ГТЦ Скопје или да ја купите on line преку нивната интернет продавница која може да ја погледнете ТУКА.

No comments:

Post a Comment