Здраво девојки,
После неколкудневна пауза, еве ме повторно назад со нов
текст.
Денес ќе зборуваме за 2 пудри, една течна и една камена
на компанијата Yves
Rocher.
Овој бренд е доста споменуван на мојот блог, па мислам
дека нема потреба повторно да напоменувам дека ова е Француски бренд на
природна козметика, а уште помалку да наведам дека тој стана еден од моите
омилени брендови за декоративна и препаративна козметика.
Денес сакам да ви ги пренесам моите впечатоци од користењето
на Comfort cream течната пудра и Zero defaut flowless камената
пудра.
Како сето тоа би било попрегледно за Вас, ќе ги одделам и за секоја
од овие 2 пудри ќе направам посебен пасус.
Па да започнеме:
Comfort cream течната пудра- ова една од неколкуте
течни пудри кои оваа компанија ги има во својата понуда.
Производот доаѓа во
стаклена тегла која кога ќа ја отворите има стопер кој ја штити самата пудра од
изливање низ капачето, и која содржи 40мл производ.
Оваа пудра е специфична по
тоа што во себе содржи масло на шафран, билка исклучително користена во Азија
поради тоа што во себе содржи Омега6 кој пак и помага на кожата во борбата со
стареењето. Покрај тоа, оваа пудра содржи и екстракт од соја богат со Витамин Е
кој ја подмладува кожата, ја прави мека и еластична. Па така, користењето на
оваа пудра не само што ќе ви овозможи целосна покривна моќ на лицето и
неправилностите кои ги имате на него, туку истовремено и ќе ви обезбеди негова
нега.
Како што кажав, оваа пудра има целосна покривна моќ но никако тешка
структура. Напротив, таа е доста лесна и нанесена на кожата воопшто не се чуствува.
Притоа одлично покрива, лесно се бленда и многу добро се соединува со кожата па
добивате сосема природен изглед. Покрај тоа, оваа пудра е една од ретките кои
јас ги поседувам ,а кои имаат поизразен мирис. Ваквиот мирис е доста женствен и
сензуален, а се задржува на лицето и до неколку часа.
Што се однесува до трајноста на пудрата, најдолгиот
временски период кој јас ја носев е 4 часа и за тој период остана на своето
место.
Оваа пудра нема мат ефект, туку хидрирачки па кожата добива благ блескав
тен. Сепак ,поради мојата масна кожа јас користев и камена пудра како не би се
појавил себум многу брзо на моето лице.
Мојот целосен впечаток е одличен,
навистина одлична пудра која лесно може да ја прилагодите и за дневна и за
вечерна шминка.
Zero defaut
flowless камената пудра- ова
е една од ретките камени пудри кои и одговараат на мојата кожа бидејќи
навистина имам проблеми со повеќето камени пудри и неможам да најдам соодветна.
Пред се одлично пакување, практично , танко и сосема црно.
Кога ќе се отвори,
на горната страна се наоѓа огледало кое е практично за нанесување на самиот
производ, а на долната страна е сместена пудрата заедно со мала четка која
поради својот облик многу добро прави контури и јас најчесто ја користам за таа
намена.
Самта пудра има свиленкаста текстура, не се труси премногу, лесно се
нанесува и одлично ја сетува подлогата. Притоа во себе содржи екстракт од
бамбус кој има матирачки ефект така што во текот на денот го собира себумот.
После неа, кожата на лицето е мазна ,а тенот изедначен.
ne znam mnogu za tecnite i kremastite pudri, no ovaa krem udra me zainteresira
ReplyDeleteОдлична е... мене ми делува многу добро на кожата. Буквално имам чуство како крема само да сум ставила на лицето.
Delete