Friday, September 2, 2016

Look of The Week !!


Здраво девојки,
изминатиот Петок тука ви претставив една on line продавница на ташни од македонско производство, кои може да ги купите и порачате преку нивната фб страна која може да ја погледнете тука.
Bags Shop Macedonia е компанија која изработува одлични производи од кожа. Покрај нивните одлични и интересни модели на ташни, оваа компанија нуди моженост и за изработка на кожни ташни и несесери по нарачка.
Јас избрав 2 модели на ташни кои ги комбинирав со некои парчиња на облека и обувки. На овој начин, сакам да ви прикажам 2 предлози за вечерни излегувања во ресторан, кафетерија или бар.
Секако, како главен детал на овие модни комбинации, се ташните кои го надополнија изгледот и го направија практичен, поради нивната средна големина и уникатен, поради дизајнот на овие ташни.
Се надевам дека ќе ви се допаднат овие модни комбинации и мои предлози за оваа недела. 

Првата комбинација е составена од елегантна, но секојдневна  бела кошула која на себе има принт кој ја прави сосема лежерна. На оваа кошула додадов лилакова кратка сукња и светло кремави кондури со средна штикла. Оваа модна комбинација ја надополнив со светло кремава нијанса на ташна на Bags Shop Macedonia со долга рачка.
За втората комбинација, се одлучив за црно лелеава кошула со бисерни детали на ракавите и темно зелена кратка сукња. Сето тоа го надополнив со кремави салонки и ташната на Bags Shop Macedonia  во темно крем нијанса.


No comments:

Post a Comment