Здраво девојки,
На почетокот кога започнав со пишување на овој блог,
направив еден пост во кој ја прикажам мојата колекција на лакови за нокти.
Тој
пост стана еден од најчитаните постови на мојот блог, па одлучив повторно да
направам таков, овојпат со доста проширена и изменета колекција на лакови за
нокти.
Мојата колекција е поприлично голема и во себе содржи лакови, глитери,
базни лакови, надлакови и различни лакови со кои може да се направи маникир со
ефекти (мат,графити ,омбре итн.) Јас сум љубител на лаковите за нокти и
постојано ги купувам,но неможам да ги искористам сите до крај, па така во оваа
колекција ќе видите лакови кои се употребени само еднаш, неколку пати или
воопшто не се употребени.
Водена од тоа, решив да ја намалам мојата
колекција така што ќе ги употребувам сите лакови по ред, а оние кои нема да ми
одговараат ќе ги проследам понатака на некој кој ќе ги искористи подобро од
мене.
Сето тоа го правам пред се поради просторот кој е целосно зафатен со
многу лакови, а и поради тоа што мислам дека е попрактично и подобро да имам
неколку лакови кои ќе бидат и поквалитетни, можеби во повисок ценовен ранг, и
од различни брендови ,па така кога некој од нив кој ќе го искористам ,ќе го
заменам со нов.
Но за тоа потоа. Денес , како што напоменав погоре ќе ви ја
прикажам мојата колекција на лакови за нокти поделена по брендови, а под секој
од тие лакови ќе биде запишан и бројот.
Доколку некој од нив посебно ви се допадне и би сакале да прочитате
рецензија за него , оставете ми коментар подолу.
Ова е мојата моментална колекција на лакови за нокти:
Golden rose Color Expert Nail Lacquer
Golden rose Carnival
Golden rose Paris
Golden rose Rich color
Rapsodi Multivitamin
Umbrella
Umbrella , Gabrini Confetti, Aura
Golden rose Graffiti, Fantastic , Matte
Malena
Базни лакови
Надлакови
Golden rose Selective
Aura
Malena
И во наредните неколку слики ќе видите лакови кои неможев
да ги вклопан во ниедна категорија погоре, односно лакои рандом лакови од
различни колекции .Бидејќи имам само по еден или два лакови од секоја линија
,одлучив да ги претставам на овој начин. Притоа, под секој лак за кој немам
напишано број на бојата, на самите лакови не постои таков број.
No comments:
Post a Comment