Thursday, September 29, 2016

Malena Colorfast Lip gloss!!



Здраво девојки,
Во моите Јунски фаворити можевте да ги погледнете течните мат кармини на Малена како дел од моите фаворити од декоративната козметика. Како што кажав и во тој пост, јас сум воодушевена од овие производи и сметам дека заслужуваат еден пост во кој целосно ќе обрнам внимание на нив. Но, овој пат тоа ќе го направам преку моите нови 4 нијанси на мат кармини на Малена кои ги земав неодамна. 
Првиот пат кога ги здогледав овие течни мат кармини во еден локален маркет, ме привлече нивнат извонредна палета на бои каде може да пронајдете од најсветли во боја на кожа до најтемни нијанси на вишна, виолетова и кафена. Но, морам да признаам дека кога ја погледнав нивната цена бев скептик и неверував  дека за само 95 денари може да добиете вака феноменален производ. 
На среќа ги земав, и од тогаш веќе цело лето не се делам од нив .
Кармините имаат добра структура, доста мазна и свиленкаста која лесно се нанесува на усните. Некои нијанси се помалку пигментирани па е потребно да нанесете поголема количина на кармин како рамномерно би го нанеле на самите усни, но генерално тие имаат многу добра пигметација со само еден слој.
 Нанесени на усните се сушат нешто поспоро во споредба со останати мат кармини кои јас сум ги пробала,но одкако ќе се исушат целосно, остануваат на усните и до 10 часа без притоа да се поместат, избришат или да избледе бојата на некој дел од усните. 
Ова е најтрајниот мат течен кармин кој јас сум го користела, кармин кој има феноменален апликатор и без нанесување на молив на усните може сосема прецизно да го нанесете на нив. Притоа ,уште една позитивна карактеристика е мирисот кој е сладок и потсетува на гумени бомбони. 
Овојпат во мојата колекција на мат течни кармини на Малена како новитети се најдоа овие 4 нијанси 104, 107, 117 и 119. 
Јас целосно се навлеков на овие мат кармини и сигурно не застанувам на овие нијанси кои до сега ги имам во мојата колекција.
Дали Вие веќе ги испробавте овие одлични кармини на Малена?

No comments:

Post a Comment