Wednesday, August 31, 2016

Yves Rocher Sebo Vegetal Purifying micellar water 2in1 !!



Здраво девојки,
Добредојдовте на мојот блог.
 Еве ме повторно со уште една рецензија за природниот производ од колекцијата Sebo Vegetal на  брендот Yves Rocher.
 Знам дека последниов период доста често пишувам за оваа колекција на Yves Rocher, но едноставно јас сум воодушевена, а и ви напоменав дека ќе направам рецензии за сите производи од таа колекција, па еве уште една во низата.
Денес сакам со вас да ги споделам моите импресии од користењето на мицеларната вода на брендот Yves Rocher и нивната колекција за масна кожа Sebo Vegetal
Мицеларната вода доаѓа во пластично шишенце од 200ml. што е сосема солидна количина, одлична и за секојдневно користење, количина која може да трае и до 2 месеци.
Самиот производ има свеж, интересен и пријатен мирис, доста е лесен и одлично ја чисти кожата.
 Наменет за вадење на шминка сосема солидно ја вади шминката од лицето и очите, но сепак како целосно би се отстранила шминката од Вашето лице, потребно е користење на гел за миење на лице после оваа мицеларна вода. 
Покрај нејзината намена, односно одстранување на шминката, овој производ одлично се однесува и како тоник. Неговата блага формула во која се наоѓа Бајкалска прав нежно ја негува кожата и го отстранува сиот непотребен и прекумерно создаден себум од површината на лицето.
После двонеделно користење на оваа мицеларна вода забележав дека мојата кожа значително е исчистена од акни и митесери, а исто така е и тонирана, односно црвенилото и колорациите кои беа присутни поради појавата на акните, значително беа намалени или исчезнати. 
Овој производ може да го најдете во продавниците на Yves Rocher по цена од 339денари или да ја нарачате преку on-line продавница која се наоѓа на нивната интернет страница.

New In # 6

Здраво девојки,
Измина доста време од мојот последен пост со новитети,но периодов го искористив да ги испробам сите нови производи кои ги земав како би можела да ги пренесам моите впечатоци до Вас.
Пред неколку дена , во локален маркет направив едно мини пазарување на неколку козметички производи кои сакав да ги испробам и од кои имав потреба. 
А бидејќи во последен период овој тип на пост е доста побаруван од Ваша страна ,иако мало пазарување сепак одлучив да ви покажам што тоа ново си купив.
Ова се производите:

Некаде на интернет, сосема случајно прочитав рецензија за оваа пена за лице на Нивеа, и ме потсети на гелот за миење на лице од оваа линија и колку многу го сакав. Сосема случајно, земајќи ги моите омилени тупфери за лице на Нивеа, ја здогледав и оваа пена па решив да ја пробам.А како ќе се покаже и кои ќе бидат моите впечатоци, ќе може да прочитате во некоја од моите наредни рецензии. 




 Топлото време и јакото сонце доста ја оштетија мојата коса ова лето,па во птрага по некој производ кој ќе ја опорави решив да ја испробам оваа прскалка на Глис. Производот длабински ја обновува косата со помош на серумот кој го содржи.
Рол-оните се тип на прозивод кој го немав купено подолг период и сакав да го сменам тоа. Така се одлучив за овој нов рол-он на Рексона од нивната нова колекција. Производот има доста свеж мирис. Исто така , се подновив со еден лак за нокти во нежно розево-праскаста нијанса која во себе содржи шимер односно прелива. Golden Rose во број 72.





 И за крај , се одлучив за 2 балзами за усни. Класика ,Росал кој неверојатно добро ги хидрира и обновува усните  и балзам кој постојано мора да се наоѓа во мојата колекција, и балзамот на Лабело од праска.
Септември е месец кога започнува промена на времето, а и ветерот е присутен, па добро е секогаш при рака да се има балзам за усни како би ги заштитиле од сушење.

И тоа се сите производи за овај мал haul. 
Не заборавајте да се пријавите за наградувањето кое е во тек.Тоа може д аго направите на 
овој линк .