Friday, September 30, 2016

Max factor 3in1 All day flowless foundation !!



Здраво девојки,
Денес за вас припремив една рецензија на првата пудра која целосно и потполно и одговара на мојата кожа на лице. 
Пудра која не само што мојот тен го направи феноменален, туку и додека ја имам на лицето го негува истото.
 Денес сакам да ви зборувам за пудрата на Max factor Face finity all day flawless  3in1
Кога за прв пат ја купив оваа пудра, бев во потрага на нешто поскапа пудра која ќе можам да ја користам и во дневна и во вечерна варијанта. Па моите предходни и позитивни искуства од користењето на производите на Мах фактор ,ме наведоа кон тоа да испробам некоја пудра од нивниот асортиман. И така јас се одлучив за оваа 3во1 пудра која во себе содржи база,коректор и пудра.  А моите впеачтоци од неа ќе ги прочитате во продолжение.
Кога купувам производи, покрај нивниот квалитет, за мене е дост битна и амбалажата на производот. Па така, тоа беше првото нешто што визуелно ме привлече кај оваа пудра. Елегантно стаклено пакување од 30мл со пумпица кое е одлично бидејќи на тој начин лесно и едноставно може да ја дозирате пудрата. 
Самата текстура на пудрата е феноменална. Лесна, свиленкаста и сосема нежна. Оваа пудра се нанесува лесно, а уште полесно се соедниува со кожата и бленда. 
Исто така ,кај неа е одлично тоа што има способност за надоградување, па така со еден слој ќе постигнете средна до целосна покривност, а со 2 слоја целосна покривност на сите неправилности на лицето.
Пудрата има полумат завршеток па така не изгледа како маска и не ја стега кожата, напротив нема ни да ја почуствувате на Вашето лице. 
Нејзиниот полумат финиш, оваа пудра ја прави одлична за нормална и масна кожа, но не и за сува бидејќи може да ги истакне сувите делови на лицето.
Исто така, кога ја користите оваа пудра непостои потреба од користење на база бидејќи таа веќе има во себе, а и коректорот не е задолжителен, па нанесувањето на уште еден слој на местот кое сакате целосно да го прекреите ќе биде сосема доволно.
Како што кажав погоре, ова е пудра која јас ја користам за дневна шминка бидејќи покрај другото во себе содржи и СПФ 20 што ја штити мојата кожа од штетните сончеви зраци  и при тоа ја  нанесувам  во еден слој, а во нешто подебел слој како подлога за вечерната и појака шминка. 
Притоа, оваа пудра останува доста долго на лицето без притоа да се одстрани од некои делови или да направи лицето да изгледа како да носите маска на него. Најдолгиот период кој јас ја имам носено во текот на еден ден , се 8 часа и навистина се покажа одлично. 
Покрај сето ова, јас ја користам и како база за сенки за што исто така се покажа одлично. Сенките ги сржи на место со часови без притоа да дозволи тие д асе разлеат или соберат во прегибот на очниот капак.
Ова е феноменална пудра  и можам да ви дадам целосна препорака за неа.
 Нејзината цена изнесува 850 денари, а може да ја најдете во парфимеријата Еликсир .

Thursday, September 29, 2016

Malena Colorfast Lip gloss!!



Здраво девојки,
Во моите Јунски фаворити можевте да ги погледнете течните мат кармини на Малена како дел од моите фаворити од декоративната козметика. Како што кажав и во тој пост, јас сум воодушевена од овие производи и сметам дека заслужуваат еден пост во кој целосно ќе обрнам внимание на нив. Но, овој пат тоа ќе го направам преку моите нови 4 нијанси на мат кармини на Малена кои ги земав неодамна. 
Првиот пат кога ги здогледав овие течни мат кармини во еден локален маркет, ме привлече нивнат извонредна палета на бои каде може да пронајдете од најсветли во боја на кожа до најтемни нијанси на вишна, виолетова и кафена. Но, морам да признаам дека кога ја погледнав нивната цена бев скептик и неверував  дека за само 95 денари може да добиете вака феноменален производ. 
На среќа ги земав, и од тогаш веќе цело лето не се делам од нив .
Кармините имаат добра структура, доста мазна и свиленкаста која лесно се нанесува на усните. Некои нијанси се помалку пигментирани па е потребно да нанесете поголема количина на кармин како рамномерно би го нанеле на самите усни, но генерално тие имаат многу добра пигметација со само еден слој.
 Нанесени на усните се сушат нешто поспоро во споредба со останати мат кармини кои јас сум ги пробала,но одкако ќе се исушат целосно, остануваат на усните и до 10 часа без притоа да се поместат, избришат или да избледе бојата на некој дел од усните. 
Ова е најтрајниот мат течен кармин кој јас сум го користела, кармин кој има феноменален апликатор и без нанесување на молив на усните може сосема прецизно да го нанесете на нив. Притоа ,уште една позитивна карактеристика е мирисот кој е сладок и потсетува на гумени бомбони. 
Овојпат во мојата колекција на мат течни кармини на Малена како новитети се најдоа овие 4 нијанси 104, 107, 117 и 119. 
Јас целосно се навлеков на овие мат кармини и сигурно не застанувам на овие нијанси кои до сега ги имам во мојата колекција.
Дали Вие веќе ги испробавте овие одлични кармини на Малена?

Tuesday, September 27, 2016

Lush Hand Made Cosmetics - Ocean Salt Facial Scrub!!


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог!
Како што сите добро знаете, негата на лицето е основниот чекор до безпрекорна шминка.
 Па така, еден од големиот број на производи за нега на лицето  е и скработ .
Скработ за лице е производ со кој правите пилинг на лицето односно со помош на грубите состојки во самиот производ  ја одстранувате мртвата кожа од површинскиот слој на лицето и длабински го чистите од целата  шминка и нечистотии кои навлегле во порите. На овој начин на кожата и овозможувате длабинска нега и чистење на порите, што пак спречува појава на акни и резултира со мазно и чисто лице на кое шминката ќе изгледа извонредно.
Таков производ е и скработ на компанијата Lush  наречен Ocean salt facial scrub, кој стана дел од мојата нега на лице во последниот период. 
Затоа, денес сакам да ви ги пренесам  моите впечатоци од користењето на овој производ.
Самиот производ  доаѓа во пластично пакување од 120гр. И има извонредно пријатен мирис на лимета. 
Во себе содржи морска сол што овој пилинг го прави  доста јак, а покрај неа содржи и лимета која ја освежува и подмладува кожата, како и путер од авокадо кој  храни и негува. 
Па така, по користењето на овој производ, Вашето лице ќе биде меко,мазно и спремно за понатамошна нега. 
Поради јачината на овој скраб јас го користам еднаш во 10 дена и тоа за мене е сосема доволно. Го нанесувам на влажно лице и со благи потези го масирам на сите делови од лицето неколку минути . Одкако ќе го направам тоа, скработ од лицето го одстранувам со млака вода. После него на лицето нанесувам хидратантна крема за лице,како би ја завршила самата нега.
И тоа е се за овој пост. Не заборавајте да се зачлените на мојот блог ТУКА, и да ме следите на мојата фб страна ТУКА, како не би ги пропуштиле новите постови и содржини.


Monday, September 26, 2016

Malena Nail polishes!!!



Здраво девојки,
Во мојот предпоследен пост можевте да ја погледнете мојата колекција на лакови за нокти, а тој пост може да го погледнете тука
Бидејќи како последни новитети во самата колекција се најдоа 8 нови лакови за нокти на Малена, денес одлучив да ви ги прикажам и да направам рецензија за нив. Па да започнеме.

Малена е Германски бренд на декоративна козметика кој кај нас може да се најде веќе извесен период. Иако производите од одвој бренд се доста пристапни и можеме да ги сврстиме во дрогериски, сепак нивниот квалитет барем по моето искуство, е неколкукратно поголем од цената по која тие се продаваат.
Производите на овој бренд може да ги најдете во сите поголеми маркети и парфимерии низ целата држава.
 Воодушевена од нивните течни мат кармини одлучив да испробам и уште неколку производи на Малена, и можам да кажам дека сум воодушевена од самиот квалитет на нивните сјајеви, пудри и кармини.Но, за нив ќе може да прочитате подетални рецензии во наредниот период. Сега ќе обрнам внимание на лаковите за нокти. 
Самите лакови доаѓаат во стаклено пакување кое е сосема провидно па може да ја погледнете бојата на производот. На капачето е запишан бројт на нијансата на тој лак. 
Овие лакови имаат стандардна четка за нанесување на лакот на ноктите што е сосема практична. Самата таа е право сечена ,па на тој начин доста прецизно може да го нанесете самиот лак. 
Што се однесува до формулата и текстурата на овие лакови, можам да кажам дека е добра, со одлична пигментација ,лесно се нанесува и соединува. Нанесен на ноктната плоча, секој од овие лакови се суши многу брзо.
Јас ги обожавам овие лакови на Малена, бидејќи пред се имаат извонредна палета на бои, па тука можам да пронајдам лакови кои ќе ги нанесува на цел нокт како и лакови кои ќе ги користам како би изработила одредени детали на мојот маникир, и сето тоа за цена од околу 40 денари по лак зависно од парфимеријата каде ги купувате.
Трајноста на овие лакови е одлична, јас секогаш нанесува 2 слоја ,па така исполнувајќи ги секојдневните обврски ,овие лакови остануваат на ноктите и до 5 дена.
Ова се боите кои јас ги избрав : 
А на наредните слики ќе може да погледнете како овие лакови изгледаат