Wednesday, June 29, 2016

June Favorites !!!

Здраво девојки, 
Јуни е на крај ,па веќе е време за месечните фаворити. Изминатиов месец, започнав да користам многу нови производи , и голем дел од нив ми се допаднаа,но секако не можеа сите да се најдат во овие фаворити, па длучив да одделам неколку од нив и да ги поделам по категории па така полесно да ви ги претставам. На крај, излегоа 15 производи кои се мои тотални фаворити за месец Јуни, и за кои подолѕ ќе Ви ги пренесам моите импресии. 
1. Нега на лице- кога станува збор за нега на лицето, овој месец на мојта кожа и одговараа освежувачки производи. Така, мои фаворити овој месец се гелот за миење лице на Афродита ,кој во себе содржи хијалуронска киселина која нежно ја одстранува маснотијата од кожата. Притоа овој гел не содржи парабени и вештачки бои ,и е Ph неутрален. Покрај него, тоникот на Нивеа, беше уште еден производ кој одлично делуваше на мојата кожа,и конечно мислам дека го пронајдов идеалниот тоник за моето лице кој можам да го користам како едиствен производ со кој ќе ја исчистам кожата навечер и ќе ја одстранам шминката, тогаш кога сум премногу уморна за целосна рутина. 
2. Нега на коса - овој месев, мој фаворит кога станува збор за нега на косата, е шампонот на Балеа ,кој е наменет за нега на долга коса. Одличен производ, супер цена, многу добро ја чисти косата и одлично мириса. По користењето на овој шампон, воопшто немав потреба од балзам бидејќи тој ја прави косата сосема мена и мазна ,па таа лесно се расчешлува. 
3.Шминка - како и секој месец, така и овој, кога станува збор за шминка , тука се најдоа повеќе производи како мои месечни фаворити.
Мој омилен бронзер овој месец, беше All Year Bronze  на компанијата Aura, кој го користев како бронзер-потемниот дел, и како хајлајтер -посветлиот дел. Одличен производ кој дава природен изглед, лесно се бленда и прилагодува и во дневна и во вечерна варојанта на шминка.
Покрај бронзерот, уште еден производ на Аура, овој месец е мој фаворит, а станува збор за течниот пудер Refresh Me. Ова е одличен лесен пудер, добар за лето , дневна и лесна шминка. Лесно се бленда и стопува со лицето , и притоа не остава чуство на маска на лицето ,што и овозможува на кожата да дише.
Кога станува збор за маскара, овој месец бев воодушевена од црната маскара за волумен на Eveline - Big volume explosion. Ова е првата гумена четка која мене ми одговара, и навистина два одличен волумен на трепките. Нанесена во 2 слоја, трепките добиваа толку волумен што наликуваа на вештачки.Самата маскара има интензивна црна боја, што им дава одлична дефиниција на очите. Одличен производ и воодушевена сум од оваа маскара.Моја тотална препорака за овој производ. Браво Евелин за оваа маскара.
 И последни фаворити за овој месец во делот на шминка, се мат кармините на Малена, кои се нај мат кармини кои сум ги пробала до сега, со најголема пигменатација и најголема трајност. Јас ги имам во 4 нијанси ,кои ги обожавам и изминатиов месец ги носев во секоја варијанта. Дневна, вечерна или гламурозна, во секоја прилика овие кармини остануваа и до 10 часа на усните без помесување. Лесно се нанесуваат поради одличниот апликатор, но имаат потреба од малку подолго време додека не се исушат, па во тој период се малку лепливи. Одкако ќе се исушат на усните, се сосема мат ,не се лепат и не се пресликуваат. Јас се воодушевив од овие кармини на Малена. Едноставно феноменални. 
4.Нокти- овој месец, имав чест да се запознаам со колекцијата на лакови наречена Resistant на компанијата Аура, и како што може да погодите, воодушевена сум од нив. Јас имам 4 нијанси ,кои се сосема различни и специфични но, одлични за летниот период и големиот број на гламурозни забави. Овие лакови имаат неверојатна пигментациа, па потребен вие само еден слој од овој лак за да постигнете целосна покриеност на ноктнат плоча. Кај мене, овие лакови траеја и до 10 дена иако притоа ги работев сите мои вообичаени секојдневни обврски. Имаат голема четка со која лесно и прецизно може да го нанесете лакот. Исто така, сјајот на овие лакови е одличен и тоа е карактеристика што ме воодушеви. Одлични лакови, со сигурност ја зголемувам мојата колексина на Resistant. 
5. Нега на тело - и последен производ, но секаок не и најмалку битен, во овие фаворити е производот за нега на тело. Зиаја пудер за тело од портокал , е мојот фаворит за нега на телото овој месец. Оваа зима, кожата на моите стапала и нозе особено стана сува и дехидрирана, па во почетокот на летниот период имав потреба од некој производ кој брзо ќе ја ревитализира и хидрира мојата кожа, бидејќи лосионот за тело кој го користев не ми помагаше. Одлучив да го пробам овој производ на Зиаја, кој е сосема природен , а покрај тоа во себе собржи Омега3 ,Омега6 и Витамин Е. Овој производ има интересно пакување и доста практично, а мирисот е на свеж портокал. Доста е густ но, лесно се нанесува и размачкува на кожата, по што дава свежо чуство на опуштање. За мене ова е вистински спас. Јас го користам цел месец, и стигнав до половина на ова пакување. Мене ме воодушеви овој пудер за тело, по кој кожата е мека ,нежна и мазна. Со сигурност овој пудер станува дел од мојата основна нега на тело. Целосна препорака.
И тоа е се за овие фаворити. Се надевам дека Ви се допаднаа, и дека уживавте читајќи ги моите искуства и препораки. Доколку пробате или сте користеле некој од овие производи, секако споделете ги Вашите искуства со мене во коментарите подолу. 
А до следниот пост, следете го мојот блог, мојот фб профил, инстаграм, моите рубрики на Дама.мк и MyGalaLife.com , и секако не заборавајте  да се пријавите на НАГРАДУВАЊЕТО уште неколку дена. 

Friday, June 24, 2016

My Morning Routine !!! - Мојата утринска рутина !!


Здраво девојки,
Утринската и вечерната рутина ,кога станува збор за козметичките производи кои ги користиме секојдневно, се едни од моите омилени постови кои секогаш ги читам кај останатите блогери, и целосно уживам во тоа. Затоа, одлучив и јас да Ви ја прикажам мојата утринска и вечерна рутина .
Денес , сакам да Ви ги прикажам производите кои јас ги користам секојдневно, секое утро ,како козметички почеток на денот.
Секој мој ден започнува со мојата утринска тоалета, кога најпрво сакам да се истуширам и освежам, а веднаш потоа преминувам на мојата утринска рутина на нега на моето лице.
За таа цел користам 3 производи,кои во овој топол и летен период, се покажаа одлични за нега на којата кожа но,и на моите сетила бидејќи целосно го будат моето тело. 
1. Афродита гел за миење на лице- првиот производ со кој ја започнувам негата на моето лице е гел за миење н алице. Во моментов тоа е гелот на козметичката компанија Афродита, Clean Phase гелот кој во себе содржи хијалуронска киселина. Овој гел целосно ја одстранува маснотијата од лицето, доста е благ , пријатен , а она што е најдоброј кај него е тоа што во себе не содржи парабени , парафини и вештачки бои. 
2. Ziaja  тоник за лице- следниот производ кој го користам е тоникот за лице.
 Морам да кажам дека конечно одкрив тоник и крема за лице кои во целост ми одговараат, се природни и даваат извонредни резултати. 
Овој тоник на компанијата Зиаја ,во себе содржи краставица која и дава свежина на коѓата и ја буди. 
Одличен призвод кој темелно ја чисти кожата, и спречува појава на акни . Овој тоник во себе содржи витамин Б5 што и помага на кожата да биде здрав и тонирана.
 Па со тоа, користењето на овој тоник обезбедува посветлување на тенот на лицето, со што ќе се ослободите од темните флеки кои настанале како последица на акни. 
3. Ziaja крема за лице- незнам зошто но, секогаш сакам да користам козметички производи во пар или сет.
 Сметам дека користењето на производи од истиот сет, даваат најдобри резултати. Затоа, јас ја користам истата крема како и тоникот, на Зиаја со екстракт од краставица.
 Овој производ ми се допаѓа уште повејќе од самиот тоник. 
Има феноменален пријатен и свеж мирис, мазна текстура што оваа крема ја прави многу нежна за лицето .Доста е лесна ,лесно се нанесува и впива во кожата.  По нејзиното користење, кожата на лицето е хидрирана и свиленкаста. Тонирана и посветлена со ист ефект како и тоникот за лице. 
Оваа крема ја храни и негува кожата на лицето, давајќи и здрав изглед. 

Тоа е мојата утринска рутина на нега на лице, а во некој од наредните постови очекувајте ја мојата вечерна рутина на нега на лице.

Thursday, June 23, 2016

YVES ROCHER - Уље за туширање од кокос !!



Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог. Денес со Вас, сакам да споделам еден производ кој неодамна го испробав, и се покажа феноменален за мојата кожа, а можам да кажам дека е и иновација во светот на козметиката. Мојата коѓа на тело во зимскиот период, а осбено во пролетниот , се суши многу па станува груба и затегната. Секој гел за туширање кој го користам не дава некои долгорочни резултати, се додека не го открив ова мало чудо на компаниајта Yves Rocher, наречено Уље за туширање од кокос.
Пред се, мирисот е феноменален. Едноставно имате чуство дека сте земале парче свеж кокос и со него ја миете Вашата кожа. Иако на пазарот постојат повеќе производи односно гелови за туширање на база на уље, овој некако посебно се издвои за мене бидејќи остава долготраен мирис и дејство на мојата кожа. По неговото користење, кожата е нежна и мека, еластична и доста опуштена .Овој гел дава пријатно чуство на релаксација и ја ревитализира мојата кожа.  Оличен за секојдневна вечерна релаксација на телото и сетилата . 

Wednesday, June 22, 2016

Eveline Cover Sensation Foundation !!!



Здраво девојки,
Овој период , новитетите и новите производи се доста чести кај мене, можеби е тоа така бидејќи еден период како што знаете се посветив на трошење на моите залихи и не пазарев нова шминка, а можеби и затоа што со летото пристигнаа многу новитети од компаниите кои се феноменални па едноставно неможам да им одолеам а да не ги пробам.
Уште еден новитет денес за вас, а станува збор за течниот пудер на компанијата Евелин, Cover sensation  течен пудер со целосна покривна моќ, полумат производ кој на Вашето лице ќе се задржи и до 24 часа. 
Пудерот доаѓа во стаклена паковка која во себе содржи 30мл. на производ.
 Овој пудер е еден од оние чие пакување има пумпица па лесно може да ја дозирате посакуваната количина на производ.
Како што кажав и погоре, ова е пудер кој има целосна покривна моќ и сетуван на лицето останува и до 24 часа. Неговата текстура е многу добра, па е доста пријатен за лицето што не создава чуство на тежина и маска на лицето, кога го носите.
 Овој пудер лесно се нанесува, бленда и прилагодува на кожата на лицето , а поради тоа што е полумат ,дава ефект на природно чисто и мазно лице. Ова е пудер кој е феноменален за вечерна и гламурозна шминка. 
Уште една намена на овој пудер, е и тоа што јас го користев како база за сенка на очните капаци, во што исто така се покажа доста добро. 
Моја целосна препорака за овој пудер, осбено во овој период од говината кога пред нас се голем број на гламурозни прослави. 

Tuesday, June 21, 2016

Weekly Make up Basket !

Здраво девојки, 
Уште една недела, уште една нова make up корпа . Оваа недела се одлучив за следниве производи :
Оваа корпа ги содржи следните производи:
1. Нивеа база за шминка
2.Балзам за усни на Maybelline
3.Yves Rocher Coushion 
4.Aura Refresh Me foundation
5.Aura Correct me concealer 
6.Flormar blush duo бронзер и руменило
7. Essence  сет за веѓи
8. Авон пелета со 4 сенки во зелени тонови
9. Аура црн молив за очи
10.Yves Rocher црна маскара
11.Yves Rocher креон за усни
И 2 четки за нанесување на пудер, и за насесување на бронзер и руменило , на компаниајта Аура.

Тоа се сите производи кои оваа недела се најдоа во мојата неделна корма со шминка. Се надевам дека Ви се допаднаа. 
Дали некој од овие производи го користите и Вие?