Hey girls,
Welcome.
Today I want to present you 3 amazing mascaras from the Gosh cosmetics company,
the Gosh Rebel Eyes, Gosh Amazing Length’n build and Show me volume mascara.
The 3 of them are amazingly good for the price that you are going to pay for
them.
The products
came in a plastic black elegant and feminine packaging , whit really good
brushes depending on the effect that the mascara is for. I like the texture of
this products, their packaging and also the effect that they made to the eye.
All of them are long lasting, and will stay there for hours.
The Gosh Rebel
Eyes will give you a volume and definition for every eyelash, the Amazing
Length’n build mascara will put the eyelashes in first plan and the eyelashes
will appear longer, and the and Show me volume mascara will give them amazingly
big volume from the from the root up to the tops.
Денес сакам да зборувам со Вас за 3 маскари на еден доста
познат бренд Gosh, знам
дека Вие добро познат, бренд кој го користат обичните но,и професионалните
шминкери.
Она за што сака да зборувам нешто повеќе денес се
маскарите Rebel Eyes,
Gosh Amazing Length’n build и Show me volume mascara
.Мислам
дека најдобро ќе биде да напишам одделно за секоја од овие маскари по неколку
реченици, со што ќе Ви ги прикажам моите искуства и импресии од користењето на
самите маскари. Она што можам да го кажам и за 3 те е тоа дека имаат едноставни
но елегантни пакувања, што за мене е одраз на женственост и грациозност.
Исто
така заедничка карактеристика им е долготрајноста и добро изработените четки за
нанесување на производот.
Rebel Eyes –
оваа маскара е наменета да создаде волумен на Вашите трепки кој тука ќе остане
долго време.
Иако , како и уште една од овие три маскари која е наменета за волумен,
поради специфичната четка која оваа маскара ја има, остава добар волумен но, истовремено
и ги издолжува трепките и ги дефинира секоја од нив посебно па се добива онај
влажен изглед. Сепак, волуменот кој оваа маскара го дава не е преголем но,
доволен за секојдневен и примерен изглед.
Јас ја обожавам за секојдневна шминка
или вечерна шминка која е со некој суптилен и нежен изглед.
Иако не сум љубител
на ваквиот тип на четки, ова е навистина добра четка која не ги слепува
трепките , напротив добро ги дефинира . Одлична маскара за сите оние кои сакаат
природен изглед на трепки но, со умерена доза на волумен.
Gosh Amazing
Length’n build - ова е една
покарактеристична маскара, поради својата боја која е плава и пред се е
наменета за посмели девојки.
Самиот производ е доста добра, со добра текстура,
извонредна боја која е одлично пигентирана и лесно се нанесува на трепките без
потреба на некако прајмер како би ја засилил таа боја. Четката е со кратки
влакна , тенка но доста прецизна.
Можеби ова не е боја која јас би ја носела
секојдневно, но секако за оние девојки кои ги обожаваат ваквите карактеристични
и смели бои, одлична по својот квалитет ,текстура , а пред се одлична по цена
во однос на квалитетот кој го добивате со производите на Gosh
Show me
volume mascara – ова е најкласичната маскара од овие 3, а сепак можеби
најдобра за мојот тип на трепки и изгледот кој јас го сакам.
Извонредниот волумен
со само едно нанесување на производот, е она што најмногу ми се допадна кај
овој производ, покрај четката која е дебела со долги влакна па лесно ги
расчешлува трепките и ги дефинира од нивниот корен.
Нанесена на нив, на окото
му дава една поинаква дефиниција, визуелно го зголемува и го прави впечатливо
исфрлајќи го во прв план пред останатите органи на лицето.
No comments:
Post a Comment