Thursday, March 10, 2016

Aura All Year Bronze Bronzing Powder!!!


Hey girls,
Welcome. Today I want to share whit you my impressions about the new bronzing powders from Aura that I tried lately. The first one of them is the bronzing powder in color 909 Treasure Island, but this is a product that I already have and I write you a review that you can read here
So today I’m going to share my impressions about the Aura All Year Bronze Bronzing Powder in color 908 Bronze Bay. 
The bronzer came in a plastic black and glossy packaging that is very elegant and interesting. The product itself, is very very good and I like it a lot because of the texture and because it has a shimmer all over. This bronzer has a combination of 2 colors, so you can also use the lighter color like  highlighter. This is a type of product that you will love and buy again and again because the color of it is so natural, is easy to apply and easier to blend it out. 
My recommendation for this 2 products by Aura.  
 
Здраво девојки,
Во овој пост  сакам да Ви го претставам бронзерот на компанијата Аура, односно два бронзери но бидејќи за едниот од нив односно 909 Treasure Island веќе имам напишано рецензија , таа ќе може да ја прочитате на овој линк, а сега тука ќе се задржиме повеќе на останатиот производ.
Бронзерите на компанијата Аура се едни од оние производи од кои се воодушевувате на прв поглед, и тоа чуство ве следи во текот на  целото време додека го користите, а верувајте ми тоа ќе потрае бидејќи производите се навистина големи, имаат дури 18гр. 
Ребрендирани и во ново пакување, овие бронзери доаѓаат во софистицирано црно сјајно пакување во кое добро е заштитен самиот производ.
 На задната страна од производот, може да ги најдете сите информаци за бојата, состојките и трајноста на овие бронзери.
Како што веќе напоменав погоре, овојпат ќе ви претставам два бронзери, односно за едниот од нив 909 Treasure Island ,веќе имам пишувано рецензија иако во потемна нијанса на производот, сепак тоа е истата текстура и квалитет.
 Она што е ново  е двобојниот бронзер  во боја 908 Bronze Bay , која во себе содржи благ шимер , па така истовремено посветлата нијанса може да ја користите и како хајлајтер. За мене ова е одличен производ, со добра текстура и добра пигментација. Лесно се нанесува на лицето , а уште полесно се бленда. Она што е ново и многу добро, е тоа што сега овие бронзери се приспособени и можат да се користат и како бронзери за тело, погодни за сите оние девојки кои сакаат да ги истакнат своите гради, клучна коска или врат со помош на шминка. Моја тотална препорака за овие два производи.
 Сенадевам дека ќе Ви се допаднат и Вам. Вашите импресии од нивното користење напишете ми ги подолу во коментарите. 

No comments:

Post a Comment