Thursday, March 31, 2016

GALAFARM SILK COLLECTION ...


Hey girls,
Welcome. Today I want to present you the Galafarm Silk depilation product line.
 The line have 5 products, one cream , roll-on wax , wax strips , hard wax in pallets and a pantenol spray.
Generally, all of this products are very good and they are easy to handle. This is a very good replacement for expensive treatments in salons, and you can make it all alone at home. This line is also great for sensitive skin, because it doesn’t make irritation to the skin. And if something like that happened, there is the pantenol spray ,that will make every irritation on the skin disappear.


Здраво девојки,
Денес сакам да Ви ја претставам линијата на производи за депилација Silk на компаниајта Галафарм. Самата линија е составена од 5 производи со кои лесно, едноставно и дефинитивно за многу помалку пари ќе ги одстраните непосакуваните влакненца од Вашето тело.После користењето на овие производи, кожата е мазна, нежна и не се јавуваат иритации, а доколку се појават црвенила , за таа цел во сама линија е вклучен и спреј на база на пантенол кој ја смирува кожата и и помага што поскоро да се регенерира.
Линијата се состои од Крема за депилација , погодна за одстранување на влакненца на телото, особено добра за одстраување на влакненцата на нозете , по која кожата на нозете е мазна, свиленкаста и хидрирана.
Следен производ е восокот во рол-он кој е наменет за ладна депилација во домашни услови , и одличен е за депилација на рацете и нозете. После употребата на овој производ, тие делови остануваат ,мазли и до 4 недели . Со овој рол-он , во самата паковка се наоѓаат и ленти .
Лентите за депилација, се извонредни за депилација на лицето, бидејќи може да ги сечете во потребната големи во зависност од местот на кое ќе ги употребувате. Поради тоа што во себе содржат масло на сончоглед и невен, тие се доста нежни и и даваат дополнителен сјај и хидратизација.
Како што веќе споменав погоре, во оваа линија е вклучен и спреј од пантенол раствор, кој е погоден за употреба по депилација со што се спречуваат појава на иритации и црвенила на кожата. Но, обој спреј исто така може да се користи и при различни други и ритации кои можат да настанат на кожата од изгореници,сонце итн, бидејќи делува смирувачки ,а пантенолот и помага на кожата да се обнови. Одличен производи и навистина ме воодушеви оваа иновативност на Галафарм.
И како последен производ кој се наоѓа во оваа линија е цврстиот восок во пелети кој е наменет за депилација на лицето и телото. Во себе содржи и алуминиумски сад во кој може да го растопите восокот. Овој восок е погоден за таканаречената топла  депилација, која е доста погодна за депилација на делови од телото каде постојат поцврсти влакнеца кои сакате да ги одстраните. Притоа, овој восок во исто време врши еден вид на пилинг на кожата, и ги одстранува мртвите клетки од нејзината површина. 


No comments:

Post a Comment