Friday, March 18, 2016

Aura Liquid Eyeliner & Aura Black&Perfect Eyeliner Pen


Hey girls,
Today I want to present you my new Aura liquid liner and Aura eyeliner pen , that I  get a few weeks ago and I use them in daily bases since then. 
The two of this products are in black plastic packaging, simply and elegant. The product is very good, a little bit watery, and perfect to correct it. 
The brushes of this two eyeliners are very thin and flexible,  so you can make a bold or thin line whit the same brush, quick and easy in just one step. After fixing, this product will stay on your eye all day, and the only way to be removed from there is whit make up remover.
 Over all, great eye line products.
 Здраво девојки ,
Тушовите за очи и воедно сите „фломастери “ за очи, се нешто што за мене беше непознато до пред некое време, односно беа производи кои едноставно неможев да ги нанесам добро. Линијата нанесена на окото беше искривена, некаде подебела некаде потанка, се на се права катастрофа.Но, не се одкажував и во една локална парфимерија ги погледнав тушот на Аура и нивниот туш во фломастер, четкичките ми изгледаа добри па решив да ги испробам овие два производи. И секако не погрешив бидејќи успеав на еден едноставен и брз начин да го нанесам производот на моето око.
 Секако тоа се должи на добрата пигментираност на овие два производи, Aura liquid liner и Aura eyeliner pen и секако на нивните четки кои се доволно цврсти за да може прецизно да нанесете линија но, во исто време доволно меки за да не ви ја изгребат кожата. 
Проиводот ,и кај двата , е воденкаст па нанесен на окото може сосема лесно да се надоградува или брише онаму каде што ќе згрешите.
Одкако ќе го нанесете  на окото, потребна е околу 1 минута за тој да се исуши и фиксира на окото, па така може да остане во текот на целиот ден. Еднаш фиксиран не се развачкува, не се пресликува и единствено може да го одстраните со помош на средство за вадење шминка .
 Како што веќе споменав, четките на овие 2 производи се доста прецизни и танки, а исто така се и флексибилни па може да направите потанка или подебела линија со само еден потег. 
На крај можам д акажам ке станува збор за два одлични производи кои ги обожавам и кои се наоѓаат во мојата секојдневна шминка. 

No comments:

Post a Comment