Здраво девојки,
Пролетта пристигна , а со неа и многу иритации за кожата на лицето. Ветерот, сонцето , поленот, сето тоа се фактори кои влијаат на појава на различни иритации и црвенила. Затоа, денес сакам да Ви претставам еден производ кој јас започнав да го користам од неодамна, а кој е наменет за овие проблеми. Се работи за кремата за лице на Eucerin® UltraSENSITIVE- ефективна нега
на осетливата кожа. Ова е медицински производ кој во себе не содржи парабени, парафини, мириси,емулгатори и
колоранти. Во овој текст ќе може да прочитате и нешто повеќе за самата колекција.
Екстремните надворешни услови, честите нагли промени на временските услови, загаденоста, стресот, како и дејството на ултравиолетовата радијација влијае се поголем број на луѓе да имаат осетлива и уште полошо хипер-осетлива кожа. Истите се жалат на црвенило, чешање и изгореници, кои се типични симптоми на осетливата кожа.Симптоми кои се добиваат кога се ослабени одбранбенитеспособности на кожатаи најчесто како реакција на стрес и хипер-реактивни нерви кои создаваат ниско ниво на отпорност смета д-р Соња Доневска, специјалист дерматолог. Загаденоста на воздухот предизвикана од автомобилите влијае поленот во градските средини да содржи три пати повеќе алергени отколку поленот во руралните средини, и да биде сериозен фактор за оштетување на бариерите на кожата. Дополнително долгиот престој во соби со клима уреди, каде воздухот е многу посув отколку што е нормално, димот од цигарите, како и изложеноста на висока УВ радијација влијае да се наруши имунолошкиот систем на кожата, таа да страда, и да бидестане осетлива или хиперосетлива, истакнува д-р Доневска
Осетливата кожа
бара посебна нега, децидни се екпертите!
Како резултат на
таа потреба е создадена колекцијата Eucerin®UltraSENSITIVE,производи коине
содржат парабени, парафини, алкохол, парфеми и други хемиски додатоцина кои
реагира осетливата кожа и кои знаат да предизвикаат црвенило, чешање и
затегнатост. Луѓето со осетлива кожа треба да ги избегнуваат обичните
козметички производи против стареење на кожата,оние кои содржат витамин А и кои
неретко знаат да предизвикаат иритација. Исто така облека од синтетички
материјали, новата облека која содржи формалдехид знае да создаде иритација и
црвенило.
Поради тоа треба да се внимава на изборот на материјал, и секогаш
новата облека да се испере и испегла пред да се облече. Дефинитивно луѓето со осетлива кожа треба да бидат внимателни, каква
гардероба носат, што јадат, каде го поминуваат времето, и пред се каква
козметика користатсугерираат дерматолозите.
Во било кој период од денот
треба да се избегнуваат производи кои содржат алкохол и други хемиски додатоци,
и да се намалидејствотона стрес хормонот-адреналинот кој го оштетува генетскиот
материјал во клетките на кожата и предизвикува предвремено стареење.
Колекцијата EucerinUltraSENSITIVEги смирува хипер-реактивните
нерви на кожата, додека производот од оваа колекцијаEucerinAntiREDNESS дополнително ја
смирува и иритацијата. Се препорачува да се користи и лосион за чистење на лице
којја отстранува шминката и нечистотијата без да ја суши и иритира кожата. Брзо
се враќа балансот на кожата, и тоа на исклучително нежен начин, правејќи ја
отпорна на стресот предизвикан од модерниот живот.
СитеEucerin®UltraSENSITIVEпроизводи за
осетлива кожа, содржат иновативна состојка SymSitive која ја смирува кожата со влијание директно во изворот на проблемот, како и восок кој
дава чувство дека кожата е потхранета и хидрирана. Сите производи се ослободени
од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и
емулгатори (освенEucerin® AntiREDNESS дневната крема).
Колекцијата се состои од
·
Eucerin®UltraSENSITIVECleansing Lotion, 100 ml
·
Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Dry Skin, 50 ml
·
Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Normal to
Combination Skin, 50 ml
Додека Eucerin®AntiREDNESSпроизводитепокрај
состојкатаSymSitive,содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки
глицеринкои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Тоа се два
производа,Eucerin®AntiREDNESS Concealing Day Careи Soothing Care.
No comments:
Post a Comment