Monday, March 14, 2016

Matte lips ...


Hello everyone. Today I want to share a line of lipsticks which are fantastic and good in quality and price.
The last winter, matte lipsticks have made a revolution in the cosmetic world and still are in the top make up looks for this spring.
Guided by that fact, I want to show you a great line of matte lipsticks that are excellent quality and with very affordable price, so it makes them excellent for all young girls , girls, women and mothers.
That’s the matte lipsticks from the cosmetic  company Golden rose wich line is called Velvet Matte.
This is a line of lipsticks excellent with very good pigmentation and varied palette.
Themselves lipsticks come in gently but feminine red matte packaging materials ,and in the top of the packaging , whit  gold letters is written the name of the line and the company.
Although ,this are matte lipsticks , they don’t  dry the  lips, they are  easy to apply because of the edges that are very sharp and with them is easily to  draw the edges of the lips.
Also this lipsticks are long lasting and will last on the lips for hours.
Their price is about 2 euro, depending on the retail outlet where you purchase.
I have 7 shades of this fantastic line of matte lipsticks, in numbers 02, 04, 09, 11, 12, 13, 19 whose shades you can look at the pictures below. I hope this short review will help to choose a lipstick that is great in quality and suitable for every budget.

 
Здраво на сите. Денес со Вас, сакам да споделам една линија на кармини за усни кои се фантастично добри и по квалитет и по цена.
Изминатиот период, мат кармините направија револуција во козметичкиот свет и се уште се актуелни иако веќе пролетта е на прагот.
Водена од тој факт, сакам да Ви прикажам една одлична линија на мат кармини кои се со одличен квалитет но и со доста пристапна цена, па тоа ги прави одлични за сите тинеџерки, девојки, жени и мајки.
Тоа се мат кармините на компанијата Golden rose чија линија е наречена  Velvet Matte.
Ова е линија на одлични кармини со многу добра пигментација и разнолика палета на бои.
Самите кармини доаѓаат во нежно но женствено црвено мат пакување на кое со златни букви е испишано името на линијата и компанијата.
Иако се мат, овие кармини не ги сушат многу усните, лесно се нанесуваат поради рабовите кои се доста остри па со нив како и со моливче за усни лесно ќе ги исцртате краевите на усните.
Уште една добра карактеристика на овие кармини е нивната долготрајност.
Нанесени на усните, таму ќе останат со часови. Нивната цена е некаде околу 120 денари, во зависност од продажното место на кое ќе ги купите.
Јас имам 7 нијанси од оваа линија на фантастични мат кармини, и тоа во броеви 02, 04, 09, 11, 12, 13, 19  чии нијанси може да ги погледнете подолу во сликите.  Се надевам дека оваа моја кратка рецензија Ви помогна при изборот на кармин кој еодличен по квалитет но и соодветен за секој буџет
Секако, овој текст може да го погледнете и на порталот Дама.мк на овој линк. 
 Извор на насловната слика тука

No comments:

Post a Comment