Thursday, March 24, 2016

Gosh Lip Products ...


Hey girls,
Welcome to my blog. Today , I want to present you a lip products from the Gosh cosmetic company, that I think are great and worth of the money that you are going to give for them. If you are looking for some amazing lip products, here are my prepositions:
Velvet touch lipstick in color 161 , a nude lipstick that is shiny, good looking on the lips and very hydrating. From the same line, also a great product for all brave girls , I recommend you the lipstick in color 82. A interesting color, but the most important in this type of products is the texture, and here is great.
I great lip liner and lip gloss also in the exotic color, to match the lipstick . This lip liner is the creamiest lip liner that I have used until now and like the lip gloss is very good by texture and quality . The only thing that I don’t like is the glow is a little sticky.  And the last product, that I like the most, is the lip glaze that has a light purple color, but in the lips is transparent. Also ,this lip glaze has a shimmer in it, and is perfect for more glamorous lips and night make up look. 
Здраво девојки,
Последно време ,новитетите се множат кај мене но, со оглед на тоа дека подолг период немав новитети мислам дека и Вам ви годи тоа да Ви прикажам производите за кои имам позитивно мислење.
Денес сакам да направам еден вид на групна рецензија за производите за усни на компанијата Гош, за кои сметам дека се одлични секој по своите карактеристики но , дефинитивно вредат за парите кои ќе ги дадете за нив. Како и во некој од предходните постови, морам и тука да напоменатм, дека голем дел од овие производи ги имам срејќавано и кај професионалните шминкери и со право ги користат, бидејќи навистина се доби. Моја моментална опсесија е мат карминот на Госх во боја 008 Plum, кој го носам константно на секое мое вецерно излегување но, за него Ви припремат посебна рецензија и поради тоа нема да се најде тука.
Оние производи за кои сакам да зборувам денес се следните:
Velvet touch lipstick во боја 161- ова е една нежна неутрална нијанса на кармин кој е сјајен и доста интересен кога ќе се нанесе на усните. Потполно е без шимер, лесно се нанесува без потреба на моливче. Исто така е долготрен, нанесен на усните ќе остане таму и до неколку часа, а притоа ќе ги хидрира. Одличен кармин.
Velvet touch lipstick 82 exotic- ова е кармин од истата линија како и предходниот но, со една екзотична портокалава нијанса наменет за сите оние смели дами кои сакаат да експериментираат со шминката. Неговата тексура и квалитет е потполно ист како и кај предхониот кармин.
Моливче за усни- ова е во сосема идентична боја како и предходниот кармин. Доста специфична боја но, сепак бојата е сосема индивидуална и може да ја изберете онаа што ви се допаќа вам. Сепак најбитното нешто е текстурата , што кај овој производ е навистина добра. Ова е најкремавото и најнежното моливче за усни кое сум го пробала до сега. Се нанесува лесно ,лесно се бленда и трае долго. Мојот тотален фаворит кога станува збор за моливи за усни
Brillant A Levres – сјај за усни кој е во приближно иста боја со карминот и моливот кој можевте да ги видите погоре. Добар сјај, со добар апликатор. Доста пигментиран и навистина сјаен но, со малку поголема доза на лепливост која мене  понекогаш и ми смета. Но, сепак одлично си ја врши својата работа. 
И како последен производ кој сакам да Ви го прикажам е сјајот на Gosh Light’n shine lip glaze во боја која е доста специфична на изглед но, нанесена на усните е сосема прозирен и е одличен за додавање на сјај на некој кармин. Овој производ има доста добра текстура и не е леплив, а низ себе има и мали светулки што може да Ви помогне да направите погламурозен изглед н аусните. Она што е иновација и што мене ми се допаѓа многу, е тоа што на себе овој сјај има огледало , а на самиот апликатор има сијаличка , па може да го нанесете на усните и во затемнетите простории на ноќните клубови.

No comments:

Post a Comment