Friday, July 1, 2016

Empty #2

Здраво девојки,
Веќе подолг период немам направено ваков пост но, за мене овој тип на постови се забавни и корисни па затоа повторно решив да ги воведам потрошените проиводи на мојот блог.
Ова се производите кои изминатиов период ги потрошив и за кои сакам да Ви ги пренесам моите импресии :

L'Oreal Elseve Total Repair шампонот и балзамот за коса, се првите празни производи кои сакам да Ви ги прикажам . Оваа комбинација на производи за нега на коса, за мене беа полн погодок. Како шампонот, така и балзамот, се одлилни , многу добро ја негуваат косата и ја хранат. По нивнотот користење, мојата коса стана погуста, поцврста и појака. Одлични производи. 
Покрај шампонот на Лореал, шампон кој постојано се наоѓа во мојата бања и е едиствениот шампон кој во целост и одговара на мојата коса, е шампонот против првут на Пантен. Овој шампон целосно ја обновува мојата коса, ја прави јака и лесна за обликување. Кога го користам овој шампон, едноставно не размислувам за нејзино стилизирање, бидејќи таа е целосно права и сјајна. Одличен производ, јас го користам постојано и секогаш го имам во моите залихи. Моја целосна препорака за овој шампон на Пантен.
 И последен производ за овој пост, е една купка од која воопшто не сум задоволна и со сигурност нема да ја купам повторно .Станува збор за кремастата купка на Dove која треба да ја негува кожата, да ја прави мека и хидрирана но, малку од тоа прави. Додека се туширате имате нежно чуство но тоа трае многу кратно, а се понатака е како да сте употребиле обичен сапун. За мене ова беше се, само не кремаста купка. Исто така мирисот не ми се допадна. 

И тоа е тоа за овој пост, наскоро очекувајте нов пост со празни производи во кој ќе може да погледнете повеќе и поразлични производи. А до тогаш, следете го мојот блог, инстаграм, фб страна,и секако моите текстови на Дама.мк и MyGalaLife.com


No comments:

Post a Comment