Friday, November 18, 2016

Yves Rocher Anti-hair loss stimulating Shampoo!!



Здраво девојки,
Сите добро знаеме како промената на годишното време влијае врз нашиот организам,па сето тоа се рефлектира со одредени промени на него . Така, есента кај мене донесе проблем со опаѓање на косата кој пробав да го решам на повеќе начини, а искуствата се она што денес сакам да ви ги пренесам во овој пост.
Како што напоменав, со почетокот на есента започна и мојот проблем со опаѓање на косата кој за волја на вистината се појавува секоја есен,но никогаш до сега во овие размери. И така тргнав во потрага по козетички препарати кои би ми помогнале во негово решавање.
 Започнав со промена секојдневната и вообичаена рутина,односно го променив мојот шампон и започнав да користам масла за коса и регенератори во спреј како дополнително би ја хранела косата и би го зацврстила нејзиниот корен. Воведувањето на овие производи во мојата нега даваа делимичен резултат,односно на почетокот се одеше супер и после 10тина дена проблемот повторно се враќаше. И така испробувајќи поголем број на производи, се сетив на брендот Yves Rocher и на тоа како нивните производи ми помогнаа во борбата со масната кожа на лице,па одлучив да побарам некој производ од нивниот бренд,  кој ќе ми помогне во спречување на опаѓањето на мојата коса. 
Тогаш наидов на Anti-hair loss stimulating shampoo – односно стимулирачкиот шампон против опаѓање на косата од бела лупина. Бидејќи неговата цена беше 360 денари за 300мл одлучив да го пробам и не се појакав. 
Овој шампон ми помогна  најпрво во намалување на опаднатите влакна, а потоа и во целосно решавање на овој проблем. Па затоа денес сакам да направам една мала реценизија во која подетално ќе ви го опишам овој производ.
Самиот шампон доаѓа во пластично и доста едноставно пакување од 300мл, доволно за едномесечно користење. Густината на производот е доста голема па така потребна е мала количина на производ за целосно и темелно да ја измиете Вашата коса.
Ова е шампон кој во себе содржи бела лупина која и помага на кожата во поттикнување на механизмите за спречување на опаѓањето на косата, а исто така ја поттикнува и микроциркулацијата на скалпот со што коренот на влаконото се храни дополнително .
Тоа што мене ми се допадна кај овој шампон, пред се е фактот што овој производ не содржи силикони и парабени кои дополнително го оптоваруваат влакното. 
Неговото користење дава пријатно чуство на скалпот, а косата е мека, сјајна и јака.
Јас го користам веќе 2 месеци и можам да кажам дека значително се намали бројот на влакна кои паѓаат од мојата коса, косата е посјајна и на изглед поздрава што особено ми се допаѓа бидејќи се врати и нејзината природна густина. 

No comments:

Post a Comment