Thursday, April 20, 2017

Doctor's Colagen Hair Shampoo & Regenerator!



Здраво девојки,
Денес за Вас припремив рецензија за шампонот и балзамот за коса на брендот Doctor’s. Овие два производи започнав да ги користам пред  15тина дена и сметам дека моето искуство и впечатоци се целосни , па денес сакам да ви ги пренесам преку оваа рецензија.
Сите оние што ги следат моите текстови и мојот блог, веќе добро знаат дека кога станува збор за нега на коса и лице, сакам да користам производи од иста линија како би ги добила во потполност бенефитите кои самата линија ги дава.
Па така, овојпат се одлучив за шампонот и балзамот за коса чија намена е создавање на волумен на косата, а тоа се медицинските препарати на брендот Doctor’s

И двата производи можат да се најдат во сите поголеми аптеки и маркети низ републиката.
Па да започнеме:
 - И двата производи доаѓаат во целосно транспарентни пакувања па може да се погледне внатрешноста на производот, која пак кај шампонот е прозирна а додека кај балзамот е млечно бела.
 На самото пакување  е назначено името на производот, составот, неговото дејство и начинот на користење. 

Што се донесува до самиот шампон, тој доаѓа во пластично транспарентно пакување од 300 мл. Производот е целосно транспарентен со пријатен мирис , а нанесен на мокра коса создава голема количина на пена. 
Самиот производ, покрај другите состојки, во себе содржи колаген, состојка која значително ја подобрува структурата на косата, ја храни и хидратизира не само косата туку и скалпот со што на влакното му дава подобра текстура и побрз раст.
 После двoнеделно користење на овој производ забележав посјајна и пожива коса,која има одличен волумен но само првиот ден одкако ќе ја имиете со него. Веќе следниот ден тој волумен значително е намален. 
Но сепак, тоа ми се случува со сите шампони бидејќи влакното на мојата коса е доста тенко. 

Регенераторот пак, од друга страна, е производ кој се троши доста поспоро бидејќи барем јас, употребувам многу помала количина од шампонот.
 Исто како и шампонот и тој доаѓа во провидна амбалажа со 300 мл. производ во себе. Миристо на овој балзам е сосема идентичен со оној на шампонот, благ и пријатен.  
 По користење на овој балзам,косата е мека и лесно расчешлива. 
Свиленкаста, видливо појака и посјајна.
 Одличен производ за навистина ниска цена.

И на крај можам да заклучам дека овие 2 производи во комбинација, се вистински погодок за мене и мојата слаба коса. По нивното користење косата е полна со волумен, сјај и живост. Единственото нешто што не ми се допаѓа е тоа што ваквиот ефект, веќе вториот ден се намалува а третиот ден од користењето на производите сосема исчезнува. 



Saturday, April 8, 2017

Make up trends Spring 2017





Make up трендови за Пролет 2017

Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес за Вас припремив нешто поразличен текст од вообичаените рецензии и представувања на производи од декоративната и препаративната козметика.
 Денес ќе зборуваме за новите make up трендови кои ни ги донесе оваа Пролет 2017, а што е актуелно во поглед на облеката и акцесоарите оваа пролет, ќе може да прочитате во мојот најнов текст на сајтот My Gala Life кој може да го погледнете тука

Кога станува збор за шминката и трендовите за оваа пролет, сите оние трендови и начини на нанесување на шминката кои до сега беа актуелни, оваа пролет се тотално out . 
 Свежиот природен изглед, природниот сјај на лицето, сведените природни веѓи и сјајните усно се тотален тренд кој неодамна беше представен од голем број на make up артисти ширум светот. 
извор на слика


-Така, оние „надоградени“ , задебелени и темни веѓи оваа пролет заминаа во историјата. Сосема природни благо надоградени веѓи кои ги следат цртите на Вашето лице и му даваат нежен но, истовремено и заводливо женствен изглед, се тотален тренд оваа пролет. 

-Покрај јаките веѓи, оваа пролет и јаките контури на лицето се тотален out.  
 Новите трендови во шминкањето, како што напоменав и погоре, доведоа женствен и нежен изглед каде шминката е само алатка со која ќе се истакнат природните убавини на женското лице. Па така, јаките контури кои може да ги забележи секој, па дури и машкото око, целосно се отфрлаат оваа пролет. 
Наместо јаките производи за контурирање, оваа пролет е доволен само бронзерот кој благо ќе ги нагласи контурите на Вашето лице и ќе ги истакне неговите женствени линии. Со тоа, на лицето ќе му дадете нов и свеж изглед со што ќе ги надополните предностите ,а ќе ги сокриете недостатоците.
 Исто така, руменилото е еден од must have производите оваа пролет, до таа мера што некои make up артисти го представија и како производ кој се нанесува по самите контури на лицето. Со него Вашето лице ќе добие свежина и природен изглед.

-Уште еден тренд кога станува збор за контурите, оваа пролет е и нивното изработување со потемна нијанса на пудер која ќе ја нанесете на сите оние места на кои до сега го стававте производот за контурирање. 
Конечно  промаршената тамна нијанса на пудер нема да заврши на Вашите полици, туку оваа пролет ќе може да ја искористите  на овој интересен начин. 
Кога станува збор за контурите на носот, оваа пролет заборавете на нив. 
извор на слика
-Кога станува збор за пудрите за лице, оваа пролет како и се друго, и тие се во улога на давање свеж и природен изглед на лицето. Па затоа, лесните пудри кои лесно прекриваат и даваат свежина на лицето се тотално in,а јаките и тешки пудри со целосно мат финиш се тотален out. Изберете пудра која целосно ќе одговара на нијансата на Вашето лице и притоа ќе му даде природен и здрав изглед и сјај на Вашето лице. 
 
-Коректорот за лице, оваа пролет се користи само за корегирање, па така оној познат V израз на коректор по очите е целосно заборавен и заменет со негово нанесување само на подочниците. 

-Кога станува збор за очите, оваа пролет ајлајнерот ја следи линијата на окото и толку. Завршува онаму каде што завршува и очниот капак, нанесен во тенок слој, а неговата функција е истакнување на очниот капак и трепките, кои пак оваа пролет се нагласени во својот волумен.
 Па така, уште еден тренд оваа пролет е нивното „печатирање“ , оносно нанесување на маскарата на самиот корен на треките со што тие визуелно ќе добијат волумен и ќе изгледаат погусти, а очите нагласени и впечатливи на природен и заводлив начин. 

-Сенките за очи,оваа пролет се сведени на нежни земјени и црвенкасти тонови кои ги следат боите на лицето .Па така , усогласените тонови на лице и очи се целосно in.
 Со тоа бронзерот и руменилото оваа пролет добиваат нова улога на сенки за очи.
извор на слика
- Усните оваа пролет ја менуваат својата „насока„ на користење на производите и ги замнеуваат тешките мат кармини со сјајни кармини и сјаеви со нежни нијанси.
 Иако мат кармините се сеуште присутни во мали количини, сепак преовладуваат сјајните нијанси на усни и производи кои ги хидратизираат усните. 
Со тоа, прецртувањето на усните, сивите и ладни нијанси на кармини се тотален out и тенд кој веќе замина во историјата на шминкањето. 

Се на се, оваа пролет шминката е насочена кон добивање на свеж, заводлив и женствен изглед  на лицето. 
извор на слика
извор на слика