Tuesday, July 5, 2016

Yves Rocher Volume vertige& Volume Elixir Mascaras ..

Здраво девојки, 
Веќе некое време ги разгледував маскарите на Yves Rocher, и никако неможев да се одлучам која да ја пробам. Па затоа, земав две маскари чија намена е создавање на волумен, што мене мие потребно бидејќи природно имам долги трепки. 
Се одлучив за Volume vertige маскарата во црна боја и Volume Elixir маскарата во кафеава боја.  Јас ги користам скоро еден месец и имам целосен впечаток ,па сакам да го споделам со Вас. 
И едната и другата ја вршат одлично својата намена и даваат одличен волумен, но сепак би напишала нешто повејќе за секоја од нив посебно. 
 Volume vertige маскара- ова е маскара чија намена е создавање на поголем волумен на трепките, а истовремено и нивно виткање. Оваа маскара доаѓа во интересно и целосно сјајно пакување во сиво сребрена боја и во себе содржи 9мл производ. 
Оваа маскара има силиконска четка која на средината е потанка, што овозможува виткање на трепките. 
Јас сум воодушевена од изгледот на трепките со само еден слој на оваа маскара.Само еден слој, создава одличен волумен, извонредно дефинирање на окото поради изразито црната боја на маскарата. Исто така, мене ми се допаѓа и долготрајноста на оваа маскра, нанесена на трепките останува и до 12 часа без трусење,пресликување и размачкување. Покрај тоа, трепките се забележливо извиткани, па не постои потреба од нанесување на вештачки трепки. 
Со нанесување на 2 слоја на оваа маскара, се зголемува волуменот на трепките и окото добива гламурозен изглед. 
На следната слика може да видите како изгледа еден слој на оваа маскара на трепките(слика горе) , и како тие изгледаат без маскара.
 Volume Elixir маскара - оваа маскара е наменета за создавање на волумен исто како и предходната. Јас ја земав темно кафеавата нијанса, и за мене е одлична за дневна варијанта ,кога сакам да го постигнам оној ефект на "no make up" make up. Самата маскара, доаѓа во златно пакување , сосема сјајно и елагантно. Четката на оваа маскара е конусоидна, што овозможува лесно нанесување на маскарата и на долните трепки но, и на најситните трепки на окото. 
Четката на оваа маскара не е силиконска, што овозможува нанесување на поголема количина на производ со само еден слој. Исто така, бојата кај оваа маскара е крактеристична бидјќи не е класична црна. Кога ќе ја нанесете на трепките, оваа маскара има посветло кафеава боја но, кога ќе се исуши таа станува сосема темно кафеава, и им дава одличен нагласок на очите, особено на кафеавите и зелените очи. Карактеристично за овој производ , е тоа што  оваа маскара истовремено ги негува трепките и ги обновува.
Вака изгледа еден слој на оваа маскара, нанесен на трепките: 
И двете , за мене се феноменални, вредни за секој денар кој ќе го платите за нив. Моја целосна препорака за овие две маскари.

No comments:

Post a Comment