Tuesday, July 26, 2016

July Favorite / Јулски Фаворити !!

 Здраво девојки,
Изминуваат последните денови од месцот, а тоа значи дека е време за моите месечни фаворити. Јас обожам да читам ваков тип на постови бидејќи на таков начин можам да прочитам искуства за одредени производи и со тоа градам една целосна слика за производите кои би сакала да ги купам, а исто така  уживам додека ги пишувам и споделувам моите лични искуства.
 Па да почнеме:
1. Нега на лице - кога станува збор за нега на кожата на лицето, овој месец како мои тотални фаворити ,можам да издвојам 4 проиводи. 
Како што добро знаете,мојата кожа е нормална до масна, а во летниот период е изразито масна поради топлото време. Затоа, овој месец сите производи кои ги користев беа токму наменети за решавање на дополнителниот себум и маснотијата на мојата кожа.
 Морам да признам дека во текот на месец Јули користев поголем број на производи ,бидејќи голем број од нив ги тестирав , но некако овие 4 се издвоија бидејќи целосно и потполно и одговараа на мојата кожа. Тоникот и кремата Лореал кои се наменете за масна кожа, секојдневно и даваа свежина на коѓата и ја ревитализираа. Стикот на Орифлејм ми помогна во борбата со акните,а маската за лице со минерали од Мртвото море на Балеа, ја смируваше мојата кожа и длабински ја чистеше.

2.Нега на коса- што се однесува до производите за коса, овој месец некоко се задржав на мал број производи кои се сигурни и проверени. Па така, шампонот на Нивеа ,како и секое лето, така и овој месец беше мојот избор и тотален фаворит. 
Поради хранливите состојки кои овој шампон ги содржи во себе, сонцето не ја оштетува мојата коса и таа не добива избледување на бојата. Исто така, овој месец го обожавав и балзамот за коса на Шаума поради неговиот пријатен мирис на портокал и ефектот на мекост кој го остава на косата. И конечно оовј месец одктив производ кој го реши мојот прблем со расчешлувањето на косата. 
Бидејќи јас имам долга коса ,но нејзиното влакно е многу тенко, таа ппостојано се аплеткува а особено после секое туширањее. па така, овој спреј не само што ми помага веднаш да ја расчешлам косата, туку ја исправува , и дава сјај и феноменален изглед. Моја целосна препорака за овој спреј на Глис. 
3. Шминка - овој месец, моите фаворити ,кога станува збор за шминка, се повеќебројни.Мојата вечерна шминка, овој месец беше изработена со помош на палетата на Катрис која има неутрални нијанси , одлична пигментација и феноменални бои. Сепак јас обожавав три од нив, означени на сликата подолу.
Кога станува збор за маскари, овој месец постојано на моите очи се наоѓаше маскарата на Yves Rocher ,чија функција е создавање на волумен. Маскарата е одлична, со многу добар апликатор и интензивно црна боја
А кога сме кај производите за усни, овој месец користев 4 производи кои ги комбинирав помеѓусебе и така создавав интересни комбинации.
4.Нокти - што се однесува до ноктите, некако се заситив од сите тие бои и лакови, па овој месец се одлучив за нежни летни нијанси ,а за таа цел ги избрав овие два лака на Мис спорти во нежно розе и светло-тиркизно плава боја.
5.Нега на тело - и за крај, кога станува збор за нега на телото, овој месец мој фаворит е гелот за туширање со гранули на компанијата Yves Rocher , кој во себе содржи малини ,но за него припремам посебна рецензија која ќе може да ја прочитате тука на мојот блог наскоро.
 И тоа е се за овој пост.Се надевам дека Ви се допаднаа моите месечни фаворити и дека овие мои искуства Ви помогнаа при изборот на некој од овие производи. 
До нареден пост, следете ме на facebook  и instagram . Поздрав

No comments:

Post a Comment