Thursday, July 7, 2016

Aura Absolute Matte Long Lasting Lip Cream !!

Здраво девојки, 
Денес сакам да ви претставам еден мој тотален фаворит кој стана мое секојдневие во овие летни денови. Иако, не го вклучив во моите месечни фаворити за Јуни, ова е еден од мат кармините кој многу често го носев но во вечерна и посвечена варијанта на шминка. 
Станува збор за добро познатата линија на Аура, Absolute Matte течните кармини кои се омилени помеѓу блогерките, а и помеѓу дамите кај нас. 
Денес сакам да зборувам за нијансата 618 Dream Team која е една нежна розова нијанса која може да се вклопи и во поедноставен но, и во погламурозен изглед. 
 Мислам дека нема никаква потреба да ја коментирам текстурата на овие кармини и тоа колку се тие добри. Не постои девојка која нема некој од овие извонредни кармини. Секако, јас имам неколку нијанси но, во овој период од говдината некако оваа 618ка ми стана посебно драга. 
Покрај тоа што овој кармин лесно се нанесува, не е потребен молив со кои предходно ќе ги исцртате Вашите усни бидејќи овие мат кармини на Аура не се разлеваат. 
Оваа нијанса , е одлична бидејќи може да се прилагоди и на нежна варијанта на шминка, и н агламурозна вечерна во која акцент ќе ставите н аочите со некој добар smokey eye. Јас ја носев најчесто со црна и маслинесто-кафеава варијанта на smokey eye, или со нежна светло беж сенка на очите. Секако маскарата кај таквиот нежен изглед ,играше главна улога, па така избирав црна маскара со која создавав поголем волумен на трепките. 
Ова е изгледот на усните кој го добивата со само еден слој на овој мат течен кармин 

No comments:

Post a Comment