Thursday, July 28, 2016

Lush Fresh HandMade Cosmetics - Sexy peel&Sea vegetables&Outback mate!!

Здраво девојки,
Lush Fresh HandMade Cosmetics е компанија која се занимава со изработка и продажба на природна козметика за нега на тело. Во нивниот асортиман може да пронајдете природни препарати за нега на Вашето тело, коса ,но исто така и природна декоративна козметика и парфеми. 
Во еден од моите предходни постови можевте да погледнете мини haul за производите на оваа компанија кои дојдоа во моја сопственос, постот може да го погледнете на овој линк ,  а денес сакам да Ви ги пренесам моите искуства од користењето на 3те природни сапуни за нега на тело и тоа Sexy peel, Sea vegetables и Outback mate.
И трите производи се природни препарат кои во себе содржат 40 - 60 % сапун, а во останатиот дел се вметнати природни состојки со што се подобрува негата на кожата при самото туширање. Па така, не само што ќе ја исчистите кожата, во исто време со овие сапуни ќе овозможите безпрекорна и природна нега на Вашетот тело. 
Иако ова се еден вид на поспецифични сапуни,пред се поради нивниот изглед, се користа како и секој друуг сапун. 
Овие сапуни доаѓаат во доста оригинално пакување што мене ми се допадна многу, мрсна хартија во која е замотан самиот производ, а на него се наоѓа налепница на која е напишано името на производот и неговите состојки. Секако ,овој тип на пакување дозволува да мирисот на производот се почуствува веднаш, а овие сапуни имаат феноменални мириси, сосема природни јаки и неодоливи. Кога имате некој од нив во бањата, таа  мириса феноменално па имате чуство како да се наоѓате на море. Но мора да споменам, дека нивниот изглед ме фасцинираше потполно. Преубав декоративен детал за секоја бања.
Ова се моите впечатоци и искуства:
Sexy peel сапунот всушност претставува мармелада на цитрусни овошја и е феноменален за утринско туширање, бидејќи ќе ги разбуди сите сетила во Вас. Има феноменален мирис на портокал и лимета што е моја омилена овошка и чиј мирис го обожавам, па така секое туширање со овој сапун за мене беше вистинсско уживање. Покрај тоа, овој сапун во себе содржи мали грутчиња кои прават нежен пилинг на кожата , па после користењето на овој производ таа е доста мека. 
Sea Vegetables - мојот прва асоцијација кога го видов овој сапун, беше морско дно. Навистина наликува како парче исечено морско дно кое може да го видите додека нуркате. Овој сапун е преполн со алги кои во себе содржат минерали кои пак овој производ го прават феноменален за нега на кожата во текот на летото. Алгите кои се наоѓаат тука ја негуваат кожата  и ја прават нежна , а лавандата ја смирува иритираната кожа склона кон акни. Овој производ за мене беше од огромна помош кај чистењето на мојата кожа од прекумерниот себум и акни кои ова лето се појавуваа на мојот грб. 
Outback Mate - и последен од овие 3 сапуни, но не  најмалку вреден, е овој outback mate сапунот кој во себе содржи еукалиптус и лимунова трева, па дава феноменален мирис кој се задржува со часови на кожата. Овој сапун има релаксирачко и смирувачко дејство, и една од најбитните карактеристики кои мене ми значеше многу, е тоа што овој сапун ја тонира кожата на телото, па така сите оние темни кругови или колорации кои настанале поради акни, повреди и сл. полека избледуваат, а помалите целосно се одстрануваат, барем  тоа беше моето искуство од користењето на овој производ. 

И тоа е се за овие производи. Дали Вие сте пробале некој производ од асортиманот на Lush Fresh HandMade Cosmetics?

No comments:

Post a Comment