Wednesday, August 10, 2016

Empty #3

Здраво девојки, 
Денес повторно имам пост за моите потрошени производи и одлучив да правам почесто вакви постови, бидејќи добив одлични реакции на изминатиот пост од ваков тип. 
Ова се моите потрошени производи: 
 Марамчињата на Бекутан се must have кај мене, па така често ќе се најдат во ваквите постови. Јас ги обожавам овие марамчиња и ги користам буквално за се.Од листење на површината каде се шминкам, до вадење на шминката касно навече кога сум премногу уморна. Многу добро и одговараат на мојата кожа, не ја иритираат, ја чистат и и даваат свежина.
 Следни два производи кои сакам да Ви ги покажам, се гелот за туширање на Афродита  и кремата за раце на Зиаја. 
Гелот е сосема кремаст, извонреден и по мирис и по ефект кој го остава на кожата. После неговото користење, кожата на телото останува мека и мириса многу добро. Феноменален производ. 
Што се однесува до кремата за раце, ова е кремата со најдобар мирис.Има лесна текстура па не остава масен филм на рацете.Брзо се впива и одлично хидрира.
Што се однесува до парфемите и дезодорансите, морам да кажам дека сум тотално разочарана од овој производ на Дове. Дезодорансот остава бел прав насекаде и притоа мириса ужасно. Кога го купував мирисаше сосема нежно и слатко, но само по една недела го промени својот мирис и стана непријатен па затоа овој производ целосно оди во канта.
Покрај дезодорансот, тука е и парфемот Лаура кој е еден од моите омилени и навистина мие жал што го потрошив. Феноменален женствен мирис кој трае со часови.Доколку успеам да го најдам, со сигурнос го купувам повторно.
Исто така, туак се и два лака за оса, Интеса кој е мој фаворит и постојано го користам, како и Тафт во оваа плава верзија кој исто така е одличен и многу добро ја зацврстуваше косата без притоа да остави тежок ефект. Но, она што не ми се допадна кај него е неговиот претежок мирис кој буквално ве гуѓи кога го нанесувате. 
Покрај нив, овој период потрошив уште еден парфем на La Rive брендот, интересен цветен и сосема нежен мирис.
Покрај производите кои ги потрошив, во оваа корпа се најдоа и производи на кои им изминал рокот на користење па морам да се поздравам и со нив. Така гелот на Гарниер беше феноменален ,но испобувајќи други производи сосема заборавив на него. ББ кремата на Нивеа не ми одговараше никако, бидејќи иако е во најсветлата нијанса за мене е претемна, а покрај тоа и е доста масна што дополнително ја мастеше мојата ионака масна кожа. Лосионот за тело на Афродита, е доста масен и би рекла прикладен за користење во зимскиот период. Го нанесив неколку пати, доста е масен и одличен за сува кожа.Морам да го псоменам и мирисот на овој лосион кој е многу добар и релаксирачки. 
Иако целосно потрошен , во оваа група на производи се најде и Ацетот на Аура. Одлиичен , со смао еден потег го вади лакот од ноктната плоча па успева да ги извади и најтврдокорните светулки.Бидејќи во себе не содржи ацетон, неги исушува ноктите, а маслата кои ги содржи дополнително ги негуваат ноктите и заноктиците. 
И како последна група на потрошени производи, сакам да Ви ги прикажам тупферите на Нивеа кои се одлични ,доста меки и пријатни за кожата, едно рандом моливче за очи н акое исто така му истече рокот на користење, но беше феноменално во темно кафеава боја. 
И за крај тука е и маската за лице на Балеа, со минерали од мртвото море. Мене ми се допадна оваа маска, иако не сум некој голем фан на маски за лице ,но оваа одлично ја исчисти кожата и го одстрани себумот од неа. Првите 1-2 мин одкако ќе ја нанесете, чуствувате пецкање на кожата што за мене беше непријатно но освен тоа овој производ ме воодушеви. 

И тоа е се за овие потрошени производи, се надевам дека Ви се допадна мојот пост. Дали Вие сте пробале некој од овие производи? 
До следен пост, следете ме на инстаграм, facebook и незаборавете да се пријавите на мојот блог како би можеле редовно да ги читате новите содржини.

No comments:

Post a Comment